strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Почина македонската писателка Оливера Николова
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Почина македонската писателка Оливера Николова
МАКЕДОНИЈА

Почина македонската писателка Оливера Николова

Објавено November 4, 2024 11:01
strana.mk
Сподели
Сподели

На 88-годишна возраст почина Оливера Николова, македонска писателка за возрасни и за деца, една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки.

Николова, која многумина ја нарекуваат „мајка на сите македонски писателки“, ја одбележа македонската книжевност во втората половина на 20 и почетокот на 21 век, затоа со право може да се смета за книжевен бард чии дела сe и ќе бидат сметани и во иднина за врв на македонската современа книжевност.

Дипломирала на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Целиот работен век го поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како уредник и драматург. Таа e член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.

Оливера Николова е автор на неколку телевизиски игри: „Зоки Поки“ (тв-куклена серија); „Среќен пат, Зоки!“ (тв-куклена серија, со Глигор Поповски и Видое Подгорец); „Девојките на Марко“ (тв-серија во шест епизоди). Исто така, таа е автор и на неколку радио-игри: „Земја во која не се стигнува“, „Игра за мама“, „Од палец до сон“, „Како расте татковината“, „Големото зошто“ итн.

Вредностите на Оливера Николова во македонската книжевност за деца, од нејзината прва книга, континуирано, се мошне високо рангирани. Сите критичари кои се занимавале со нејзините книги за деца потенцирале дека со нејзиното творештво македонската книжевност за деца се збогатува со дотогаш неоткриени мотиви. Оливера Николова е писателка која сака секогаш да биде нова, која ја истражува и формата, но која пред сè, реагира на животот и на новините кои се случуваат во него менувајќи го сензибилитетот на современото дете.

И покрај богатиот книжевен опус, Оливера Николова е најпозната како автор на првиот градски лик во македонската книжевност – Зоки Поки. За своето творештво, Николова добила бројни награди. Така, за „Земја во која никогаш не се стигнува“ во 1966 година ја добила наградата на РТВ Скопје и СВП. Во 1975 година повторно ја добила истата награда, овојпат за делото „Пријателите Бон и Бона“. Во 1977 година по третпат ја добила таа награда, за делото „Мојот звук“, кое се закитило и со наградата „Младо покољење“ за 1978 година. Исто така, таа е добитник на „Змаевата награда“ за 1983 година за посебни постигнувања во современиот израз на литературата за деца.

Во октомври 2012 година, за романот „Куќичка“, таа била номинирана како македонски претставник за наградата „Балканика“. Во декември 2013 година, Оливера Николова го одбележала јубилејот 50 години од литературното творештво, исто колку и познатиот лик од нејзините раскази за деца, Зоки Поки. По тој повод, издавачката куќа „Детска радост“ објавила избор од творештвото на Николова во три тома, насловени како: „Ти чука ли срцето за мене?“, „Ми чука ли срцето за тебе?“ и „Ни чукаат ли срцата за нас?“. За своето книжевно дело, Николова ги освоила наградите „Стале Попов“, „Рациново признание“, два пати „Роман на годината“, „Рациновото признание“ и наградата „ПрозАРТ 2022“ на фестивалот „Про-за Балканот“ за авторски придонес за развојот на книжевноста на Балканот. Во февруари 2016 година, за романот „Кадифената покривка“ (издание на „Матица македонска), Николова ја добила наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2015 година. Истовремено, романот „Куќичка“ бил објавен на српски јазик, во издание на „Арка“ од Смедерево.

Македонскиот експретседател Стево Пендаровски годинава им додели Орден за заслуги на седуммина истакнати уметници, значајни личности, творци од литературата, театарот, филмот и музиката.

Меѓу нив беше и Оливера Николова, која оставави траен белег во македонската литература.

Орденот за заслуги го доби пред својот скорашен 88-роденден, кој претседателот ѝ го однесе лично во нејзиниот дом. Орденот се дава на особено истакнати интелектуалци во различни области, а како што истакна претседателот на државата, таа одамна требало да го добие.

Николова низ разговор со претседателот навести дека можеби ќе има и ново дело по последното објавено во 2019 година.

И во доцна возраст, да кажам, творите, не се предавате. Дали пишувате нешто поново сега?“, ја праша Пендаровски, а на тоа Николова одговори: „Многупати велам дека го затворам дуќанот, ама пак црвчето работи и така…“

Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, во 2022 година го реобјави целокупното творештво за возрасни од Николова. Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели.

TAGGED:оливера николова
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Претседателката Гордана Сиљановска Давкова свика конститутивна седница на Советот за безбедност
Следна статија Обелоденет извештајот за подготвеност на Европа за војна: „Кажете им на граѓаните да подготват резерви“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клековски: Ден на лица со мултипла склероза, наместо честитки, 60 отсто зголемен буџет за биолошки лекови

За Светскиот ден на лицата со мултипла склероза, наместо честитки, 60 проценти…

May 30, 2025
Протест на здравствените работници во тетовската болница, бараат плати и решенија

Здравствените работници во тетовската болница излегоа на протест барајќи исплата на плати…

May 30, 2025

Мала европска земја полна со богаташи: Можете ли да погодите каде е „Порше“ најпродавано ?

Обично очекуваме најпродаваните автомобили во европските…

May 31, 2025

Трансакциите со биткоини генерираат годишни емисии од 98 милиони тони CO2

Годишната емисија на јаглерод диоксид (CO2)…

May 31, 2025

Конфликтот ескалира: Кличко жестоко го нападна Зеленски

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, даде…

May 31, 2025

(ВИДЕО) Крвничка тепачка меѓу навивачите на ПСЖ и Интер во метрото во Минхен

Пред почетокот на финалето на Лигата…

May 31, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова прими претставници на Фондацијата Херитиџ и Меѓународниот републикански институт – ИРИ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими Џејмс Карафано, виш советник на претседателот на Фондацијата Херитиџ и водечки експерт за национална безбедност…

January 21, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

На Онкологија биолошка терапија има само за 24% од пациентите, два акцелератора се во функција

Неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето со истите, утврдил Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Извештај на ЕК: Намален број на ученици, слаби ПИСА-резултати, недонесени закони

Трошоците за образование и обука минатата година биле благо намалени на 3,17 отсто од БДП во 2024 година (за разлика…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Не бегам, не молчам, не се кријам

Во Собранието почна расправата по интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група „Левица“ поради тоа…

April 29, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?