strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

Објавено November 7, 2024 08:00
strana.mk
Сподели
Сподели

Случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на денешниот петти Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта, на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски.

На собирот, чиј домаќин е унгарскиот премиер Виктор Орбан, е најавено учество на 47 шефови на држави или влади од Европа, како и на делегација на ЕУ, што ќе ја сочинуваат претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Во пресрет на Самитот се појавија информации дека Орбан на маргините на собирот ќе организира средба на Мицкоски со бугарскиот претседател Румен Радев, но македонскиот премиер вчера изјави дека таква средба не е договорена, но дека е подготвен за разговори.

-Подготвен сум да разговарам со секого, секаде, врз основа на вистински договор што ќе не однесе до целта, е не да го направиме само првиот чекор, рече Мицкоски.

Подготвеност за разговори Мицкоски искажа уште кон средината на минатиот месец, кога некои медиуми ја најавија можноста за средба Мицкоски-Радев во Будимпешта.

-Не мора да биде тоа Будимпешта, може да биде каде било, да седнеме, да разговараме и да најдеме решение кое ќе биде решение на долг рок и кое ќе гарантира Копенхашки критериуми, ќе гарантира права и ќе гарантира успех во процесот на преговори, рече тогаш Мицкоски.

Инаку, на денешниот Самит во Будимпешта предвидено е да стане збор за главните безбедносни предизвици што ја засегаат Европа, предизвикани од тековните конфликти, пред се руската агресија врз Украина и актуелната ескалација на насилството на Блискиот Исток.

Покрај ова ќе се одржат и посебни сесии посветени на миграцијата, приливот на илегални мигранти и нивната инструментализација, на економската безбедност, како и на прашања за поврзаноста на енергијата, транспортот, информатичката технологија и глобалната трговија.

Покрај пленарните сесии на маргините на форумот се предвидени и билатерални средби на учесниците.

На Самитот, покрај земјава, се поканети и останатите пет држави од Западниот Балкан, 27-те членки на ЕУ, како и Андора, Азербејџан, Велика Британија, Ерменија, Грузија, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија, Монако Норвешка, Сан Марино, Турција, Украина и Швајцарија.

Во поканата за учество на Самитот се нагласува дека тој се одржува во време на реалност обележана со повеќе кризи.

– Руската агресивна војна против Украина влегува во третата година и продолжува да беснее. Насилството со човечки жртви се повеќе се разгорува низ Блискиот Исток и се заканува дополнително да ескалира. Конфликтите и нестабилноста се во пораст и во Африка. Нерегуларната миграција и нејзината инструментализација претставуваат дополнителен предизвик за Европа. Глобалната економија повторно се движи кон фрагментација што влијае на нашите економски модели, се наведува во поканата.

Сето ова, се додава, ги ставаат на ризик мирот, стабилноста и просперитетот во европскиот регион.

– Убедени сме дека одлуките што ќе ги донесеме за справување со овие кризи ќе ја одредат нашата иднина во наредните децении, се вели во поканата.

Одлуката за создавање на Европската политичка заедница беше донесена на Самитот на ЕУ во јуни 2022 година, со цел да се здружат земјите на европскиот континент, да се поттикне политичкиот дијалог и соработката меѓу низ за прашања од заеднички интерес и да се зајакне безбедноста, стабилноста и просперитетот во Европа, во услови на драматичните последици од руската агресија врз Украина.

Овој формат е замислен како платформа за политичка координација и не претставува замена за ниту една постоечка организација, структура или процес и во оваа фаза нема намера да прерасне во нова организација, структура или процес.

Првиот Самит на Европската политичка заедница се одржа во Прага во октомври 2022 година и на него главно се разговараше за мировните и безбедносните прашања поврзани со војната во Украина и енергетската криза што таа ја предизвика. На Втората средба на врвот во Кишинев во јуни 2023 година се разговараше за заедничките напори за мир и безбедност, енергетска отпорност и за поврзувањето и мобилност во Европа. Третиот самит се одржа во Гранада во октомври 2023 година, на кој лидерите разговараа како Европа да се направи поотпорна, просперитетна и геостратешки позначајна. Четвртата средба на европските шефови на држави или влади се одржа во јули годинава во замокот Бленхајм крај Оксфорд и на неа се дискутираше за одбраната, заштитата на демократијата, миграцијата, енергијата и поврзаноста.

TAGGED:Мицкоскиорбан
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Харис: Го признавам поразот, но не се откажувам од борбата за слободата и идеалите
Следна статија ЛШ: Интер го победи Арсенал, Барселона ја декласира Црвена Звезда

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана

Од Фондот за здравствено осигурување ќе иницираат и измени на Законот за…

July 3, 2025
Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот…

July 3, 2025

Четири хороскопски знаци ги очекува огромно богатство до средина на овој месец

Планетарните влијанија во текот на јули…

July 5, 2025

Жешко: Јелена Карлеуша на јахта

Пејачката Јелена Карлеуша  ужива на црногорското…

July 5, 2025

Кој е Томпсон: Беше во брак со Данијела Мартиновиќ, се разведоа со благослов од папата

Марко Перковиќ Томпсон беше во брак со…

July 5, 2025

Преглед на денот на Вимблдон: Синер убедлив, Рибакина испадна

Светскиот рекет број 1, Италијанецот Јаник…

July 5, 2025

РАЗНО

НАСЛОВНИСПОРТ

Денеска оставете ги возилата дома: Се трча јубилејниот дваесетти Скопски маратон

На претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што се одржува денеска, учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Taравари за паркингот: 50 денари не е многу, некои паркираат на Клинички и се шетаат низ Скопје приватно

Тендерот за изградба на катни гаражи на Клинички центар ги помина сите процедури, но се уште не е потпишан договорот…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хајредини: Само македонскиот народ има право да одлучува за идентитетот, јазикот…

„Во врска со прашањaта за идентитетот, историјата и македонскиот јазик, право да одлучува има само македонскиот народ. Албанците нивната одлука…

April 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Жалам што прерано згасна еден млад човечки живот, протестот на граѓаните е оправдан и го поддржувам

„Апсолутен е, оправдан е, револтот на граѓаните и тука нема никаква дилема и од еден од начините да се надмине…

January 31, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?