strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Приватните автобуси повторно на скопските улици, Владата очекува до следната грејна сезона нови електрични автобуси
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Приватните автобуси повторно на скопските улици, Владата очекува до следната грејна сезона нови електрични автобуси
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Приватните автобуси повторно на скопските улици, Владата очекува до следната грејна сезона нови електрични автобуси

Објавено November 25, 2024 08:33
strana.mk
Сподели
Сподели

Во јавниот градски превоз од денеска се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Во сообраќај, како што најавија во саботата, ќе се вклучат оние превозници кои имаат финансиски можности.

Автобусите на ЈСП – Скопје од петокот сообраќаат во редовните термини, но Владата во четвртокот им позајми нафта само за седум дена, за колку што треба да се реализира ургетната набавка преку Бирото за јавни набавки.

Приватните превозници апелираа до градоначалничката на Град Скопје, советниците и Владата на заеднички состанок да најдат заеднички прифатливо решение за нивното барање за зголемување на цената за изминат километар.

– Приватните превозници ќе го дадат својот максимум од понеделник односно ќе се вклучиме во раните утрински часови онолку колку што можеме, не со целиот капацитет со цел за неколку дена да им излеземе во пресрет на граѓаните во градот Скопје. Воедно, ја користиме оваа прилика да се обратиме до сите советници во Градот Скопје – Ве молиме со консензус да изгласате покачување на цената за изминат километар со цел подобрување на состојбата во јавниот градски превоз. Со покачена цена се обврзуваме да го обновиме нашиот возен парк со еколошки климатизирани автобуси, изјави Јовица Зафировски во саботата.

Приватните превозници, според него, имаат 200 автобуси и можат да го покријат недостатокот на автобуси од ЈСП доколку се најде заеднички прифатливо решение со Градот.

Проблемот со јавниот градски превоз кулминираше во четвртокот откако поради недостиг на нафта, поголем дел од автобусите на ЈСП останаа паркирани во нивните бази. Во сообраќај беа пуштени 25 автобуси кои работат на приорден гас и уште неколку кои имаат резерва на нафта.

Вонредна седница одржа Владата на која беше донесена одлука да се интервенира со нафта од државните резерви со што автобусите имаат нафта за седум дена. Вонредна седница истиот ден одржа и Советот на Град Скопје на која беше поздравена одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и воедно, побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот. Премиерот Христијан Мицкоски најави можност за набавка на нови електрична автобуси.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до следната грејна сезона во земјава да има нови 100 до 120 електрични автобуси кои ќе сообраќаат во јавниот градски превоз во градовите кои имаат организирано таков превоз.

– Во моментов го скенираме пазарот и анализираме за колкав најбрз период можат да дојдат помеѓу 100 и 120 автобуси, но истовремено и начинот на плаќање да биде со одреден грејс период и на неколку полугодишни рати за да не биде товар на ликвидноста на Буџетот. Потоа тоа, би било пренесено до сите општини кои имаат организиран јавен градски превоз заедно со придружната инфраструктура како што се полначите за електрични автобуси за кои пресметавме дека ќе ни бидат потребни околу 50-тина, изјави Мицкоски вчера по пуштањето во употреба на новата спортска сала во ООУ „Наум Охридски“  во скопското село Булачани.

Нагласи дека најголем дел од електричните автобуси би биле наменети за Градот Скопје.

За проблемот со недостигот на нафта поради кој ЈСП Скопје два дена имаше редуциран превоз рече дека Градот Скопје е тој што управува со Јавното сообраќајно претпријатие и додаде дека како Влада тоа што требало веќе го направиле.

На ЈСП Скопје му дадовме 250 тони нафта на заем. Преку Бирото за јавни набавки е договорено да се проследи барањето на Град Скопје за итна набавка на нафта по пат на преговарање. Сега очекувам да се консолидираат. За се останато доколку ценат дека треба советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи, очекувам да бидат повикани и да бидат објаснети политиките на Градот Скопје, рече Мицкоски.  

TAGGED:приватни превозницископје
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Димитријевиќ: Добро сум, но бадијала се моите поени кога не победивме
Следна статија Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

(ВИДЕО) МВР го расчисти случајот со видеото на кое 15-годишно девојче вперува пушка кон главата на својот помал брат

Од МВР денеска информираат дека е…

November 15, 2025

(ВИДЕО) Драма во центарот на Стокхолм- автобус удри во станица, има мртви и повредени

Најмалку две лица загинаа, а неколку…

November 14, 2025

(ВИДЕО) Драма на премиера во Сингапур: Нападната Аријана Гранде

Познатата пејачка и актерка Аријана Гранде…

November 13, 2025

(ВИДЕО) Дијамантот „Мелон блу“ продаден за 21 милион евра на аукција

Оваа луксузна уметност на природата со…

November 12, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Пуштена е во употреба модерна железничка пруга Куманово – Бељаковце

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска официјално ја пушти во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце. Со должина од…

January 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако пропадне тендерот за нафта за ЈСП, ќе мора повторно да помогнеме, но тоа не може да оди во недоглед

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата нема немо да набљудува доколку пропадне тендерот за набавка на нафта за Јавното сообраќајно…

December 5, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски

Вие младите не сте само иднината на оваа држава-вие сте нејзиното најсилно сегашно срце. Вие сте генерацијата што ќе ја…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Денеска инаугурација на Трамп, ќе присуствува и премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во работна посета на САД, ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп…

January 20, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?