strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Приврзоците на ДУИ денес глумат глас на совеста, одговори Тошковски на нападите од ДУИ, СДСМ и Левица
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Приврзоците на ДУИ денес глумат глас на совеста, одговори Тошковски на нападите од ДУИ, СДСМ и Левица
МАКЕДОНИЈА

Приврзоците на ДУИ денес глумат глас на совеста, одговори Тошковски на нападите од ДУИ, СДСМ и Левица

Објавено April 15, 2025 10:34
strana.mk
Сподели
Сподели

По вчерашните синхронизирани напади од страна на ДУИ, СДСМ и Левица, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговори со обемен фејсбук статус, во кој остро ги критикува сите три партии, нарекувајќи ги „приврзоци на ДУИ“ и „политички паразити“. Според Тошковски, ова е доказ дека „правдата конечно ги допира оние кои мислеа дека ќе бидат засекогаш недопирливи“.

Во продолжение, интегрално го пренесуваме неговото обраќање:

Поттикнат од вчерашните координирани напади од ДУИ, СДСМ и нивниот нов партнер Левица, кои синхронизирано и оркестрирано ги насочија кон мене сите свои расположливи сили, а дополнети и со нови, очекувано продолжени удари од страна на СДСМ утрово, чувствувам обврска пред јавноста да укажам на суштината на оваа невообичаена и сè поочигледна алијанса.

Три партии, различни во својата форма, а слични во својата природа, вчера се здружија во обидот да фрлат сенка над она што три децении го чека македонскиот народ – расчистување со корупцијата и ставање крај на политиката на неказнивост. Три партии, кои наводно се борат една против друга, вчера покажаа дека нивниот заеднички интерес е посилен од сите нивни привидни разлики.

ДУИ – партијата која во долгите години на владеење заедно со СДСМ создаде заробена држава, со систем во кој криминалот не беше исклучок, туку правило. Партијата која остави зад себе пустош од корумпирано судство, нефункционално образование без учебници, здравство кое наместо лекови произведуваше трагедии, загаден воздух кој го труе секој граѓанин и институции заробени од партиски војници наместо од професионалци.

Истите тие функционери на ДУИ кои некогаш со ароганција велеја дека не одговараат пред законот, туку само пред Али Ахмети, а кога некој ќе им спомнеше одговорност за криминал, одговараа со закани со чизмите од таванот, денес панично се разбегаа бидејќи за првпат почувствуваа дека законот е над партијата. Па би сакал вака јавно да ги прашам:

Каде е денес Артан Груби? Каде е денес Прпарим Бајрами? Зарем не беа токму тие најгласните борци за правата на Албанците, кои наместо права, си обезбедија само привилегии за себе и своите семејства? ДУИ никогаш не се бореше за Албанците, се бореше само за позиции од кои можеше да го ограбува и албанскиот и македонскиот народ.

И сега, кога за првпат по 30 години владеењето на правото не е само празна флоскула, туку реалност, кога институциите конечно почнаа да функционираат и правдата пристигнува до оние кои мислеа дека засекогаш ќе бидат недопирливи, ДУИ без срам зборува за одговорност.

СДСМ пак, кои зборуваат за селективност и неправда, треба да се присетат дека за време на нивното седумгодишно владеење со ДУИ, државата ја потресоа три големи трагедии во кои животот го загубија над 70 луѓе. И сега добро запомнете: за сите тие загубени животи, СДСМ не поднесе НИЕДНА кривична пријава. Ниедна! Истите тие денес велат дека истрагата за Кочани е фарса, а во оваа наводна „фарса“ веќе имаме над 50 осомничени. Зборуваат за морален пораз, привезоците на ДУИ кои седум години беа тивките соучесници во распаѓањето на државата, а денес, без грам срам, се обидуваат да се претстават како глас на совеста. Лицемерието нема граница, а СДСМ треба да знае дека меморијата на македонските граѓани не е толку кратка како што би посакувале.

Но најинтересна е улогата на Левица, политичките паразити кои живеат и се хранат од народниот гнев создаден токму од нивните денешни партнери, ДУИ и СДСМ. Левица, која со години не пропушта можност да се претстави како алтернатива, всушност е само уште една алатка на истите структури кои на Македонија ѝ ја одземаа иднината. Денес, кога конечно системот се чисти, Левица ги напушти своите наводни принципи и застана во одбрана на токму оние кои ги обвинуваше до вчера. И не е тоа затоа што тие се нова партија со визија, туку затоа што најдобро опстојуваат во времиња кога системот е разнишан, а довербата на граѓаните во институциите е убиена од нивните некогаш прикриени, а денес очигледни сојузници.

Вчерашниот ден најдобро покажа каде сме и зошто толку силно удираат. Не се напаѓа оној што не претставува закана, се напаѓа оној што навистина менува нешто. Оној што не прифаќа да биде дел од нивниот удобен систем на молк, неказнивост и меѓусебна заштита. Токму затоа, јас овие напади не ги гледам како закана, туку како комплимент дека конечно правдата ги допре оние кои мислеа дека засекогаш ќе останат недопирливи.

Ова не е само моја битка, ова е наша битка. Ова е битка на сите граѓани кои 30 години живеат во држава во која политичката елита си играше фудбал по канцеларии и ја шутираше Македонија како топка. Денес, наместо тие да ја шутираат државата како што сакаат, законот почна да ги удира токму таму каде што најмногу ги боли.

Затоа продолжуваме напред, со јасна визија, со уште поголема одлучност. Правдата почна да тропа на вратата на секој оној кој мислеше дека таа никогаш нема да го посети. И таа правда нема да се врати назад без резултати.

Ако нападите се цена што мора да ја платиме за ова, тогаш јас сум подготвен секој ден да ја плаќам, затоа што ова не е само политичка битка. Ова е враќање на Македонија таму каде што ѝ е местото, во рацете на граѓаните, а не во рацете на криминалците. Македонија мора да биде држава каде што одговорноста нема партиска боја, а правдата нема цена. Токму таа Македонија е целта за која вреди да се издржат сите овие напади. И таа Македонија, заедно со граѓаните, конечно ќе ја изградиме.

TAGGED:дуилевицамврсдсмтошковски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Костова: Панче Тошковски требаше да си даде оставка од морални причини
Следна статија ЦУК: Камион-цистерна удрил во карпи пред патарината кај Велес

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана

Од Фондот за здравствено осигурување ќе иницираат и измени на Законот за…

July 3, 2025
Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот…

July 3, 2025

Имале секс на јавно место, па платиле казна од 10 000 евра

Двајца четириесетгодишни Египќани се казнети со…

July 5, 2025

Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е…

July 5, 2025

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

Три тони кокаин, кои на пазарот…

July 5, 2025

Заврши рехабилитацијата на Пониква за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група

Првата група од 45 повредени лица…

July 5, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Се разгледуваат можности за изградба на нов саемски комплекс во Скопје

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска одржа работна средба со претставници на „Скопски саем“, на…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата покажа дека приоритет број 1 ѝ е борбата против корупција, вели евроамбасадорот Рокас

Зборувајќи за борбата против корупцијата, евроамбасадорот Михалис Рокас во вчерашното интервју на „Сител“ истакна дека целата активност на Владата мора…

March 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Договорот со Обединетото Кралство нова можност за конечно решавање на проблемот со опасниот отпад

Првиот Вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити го оцени како историски ден за државата денешното потпишување на Договорот…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски за обвинувањата на СДСМ во однос на бегството на Груби: Човек да не знае што да им одговори

Човек да не знае што да им одговори, за жал останаа последниот столб во одбрана на интересите на таквите, одговори…

December 20, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?