strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Пристигнаа кремите за изгореници и лепенки за повредените во Кочани, првата група од утре заминува на Пониква
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > Пристигнаа кремите за изгореници и лепенки за повредените во Кочани, првата група од утре заминува на Пониква
ЗДРАВЈЕ

Пристигнаа кремите за изгореници и лепенки за повредените во Кочани, првата група од утре заминува на Пониква

Објавено June 20, 2025 16:59
strana.mk
Сподели
Сподели

Пристигна првата пратка на креми за апликација на изгорениците, а стигнаа и лепенките кои пациентите ги бараа, изјави денеска д-р Катерина Паниќ – Мирчовска, в.д директорка на кочанската болница на прес-конференција во Владата.

Таа најави дека одморалиштето на МВР во Пониква од утре ќе почне да ги прима пациентите од трагедијата во Кочани во која на 16 март во пожар во дискотеката „Пулс“ која работела со фалсификувана лиценца загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Пациентите ќе бидат поделени во групи што ќе ротираат на две недели, а првата група ќе биде со повредени кои веќе добиваат физикална терапија, како и пациенти кои имале само изолирана инхалаторна повреда. На Пониква физикалната терапија ќе ја обавуваат четворица физиотерапевти, ќе има медицински сестри, специјалист физијатар, а во соработка со Центарот за психолошка поддршка од Скопје и невладини организации ќе има и посета од психолози и психијатри.

На прес-конференцијата во Владата, д-р Паниќ – Мирчовска кажа дека се потпишани договори со Градската општа болница ГОБ „8 Септември“ во Скопје за пулмолози.

Во соработка и со Владата донесени се потребните креми за апликација на изгорениците – првата пратка веќе пристигна во болницата и дел од неа во одморалиштето на Пониква. Стигнаа и лепенки што пациентите долго ги бараа, првата пристигната тура брои 95 лепенки. Потпишани се договори со ГОБ „8 Септември“ за пулмолози. Има списоци со пациенти на кои им е неопходен преглед кај пулмолог. Ќе се направи список на потреби, распоред за пулмолошки прегледи, што ќе се одвиваат во Општата болница – Кочани, изјави д-р Паниќ – Мирчовска.

Директорката на болницата ги сподели искуствата и за компресивната облека, која ја користат повредните.

Веќе на 58 повредени им е дадена компресивната облека и тие ја носат. Веќе имаме видливи позитивни промени на самите лузни, истакна таа.

На плус други 14 лица им биле направени мерења за носење компресивна облека.

Најавата на претставниците од компанијата од Германија и на претставниците од претставништвото во Бугарија, ни е дека за две недели повторно ќе дојдат, да ги видат позитивните или негативните забелешки што ги имаат повредените во однос на компресивната облека, во однос на мерките и доколку се соодветни кај сите, ќе почне процесот на изработка на вториот пар на компресивна облека, а ќе им биде доставена и првиот пар компресивна облека на тие на кои им се направени мерки во текот на оваа недела, појасни Паниќ – Мирчовска.

Таа рече дека компресивната облека им дозволува да можат да ги извршуваат вежбите на физикална медицина, овозможува да се вршат секојдневни активности, а додаде и дека тоа е дополнителна заштита и од сончева светлина, бидејќи тие користат заштитен фактор 30 во самиот материјал од што се изработени.

Во текот на престојот на Пониква, за оние кои се во училиште, во план е да има средба и со нивни наставници, педагози и психолози од нивните училишта.

Владината портпаролка Марија Митева рече дека во моментов се одвива реконструкција на просторот на физикална медицина во кочанската болница, со вкупна површина од 350 квадратни метри. Рокот за завршување на работите бил предвиден во наредните три до четири недели.

Сакам да информирам за тоа како оди текот на реконструкцијата. Работите започнаа со поставување на нови прозорци, целосно нова електрична инсталација и нова водоводна и канализациона мрежа. Реконструкцијата ќе продолжува. Хидроизолација на објектот, поставување на комплетно нова вертикала на водоводната и канализационата мрежа што ги поврзува и горните оддели над физикална медицина – конкретно хирургија, гинекологија и неврологија, порамнување и обновување на подот и поставување на нови врати. Особено важно што цениме како Влада дека е потребно да се нагласи е дека по долги години се оспособува хидрантската мрежа што беше целосно нефункционална и во тек е поставување на нов противпожарен систем, неопходен елемент за безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал, рече Митева.

Ова не е само реконструкција, нагласи таа, ова е „јасен сигнал дека Кочани добива системска грижа“.

Таа се осврна и на подобрувањата што биле извршени во Пониква.

Исто така, таму се преземаат сериозни чекори за подобрување на условите во одморалиштето што веќе, морам да најавам од утре ќе ги прими и пациентите. Министерството за спорт целосно ги опреми двете игралишта за рекреација. Поставени се комарници, што се од суштинско значење за заштита на пациентите во оваа фаза. Спроведена е и комплетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, вклучително и на шахтите околу објектот, во соработка со Центарот за јавно здравје – Кочани. За разлика од времето кога институциите беа оставени сами на себе, без основни средства и без визија, денес имаме како Влада – системски пристап, вложуваме во инфраструктурата, во безбедноста и во достапноста на здравствениот систем, додаде Митева.

Во периодот од 20 мај до 10 јуни биле евалуирани 167 пациенти, пет пациенти сѐ уште се хоспитализирани во болници во државата, а уште пет се на лекување во странство. Неевалуирани се осум пациенти кои се со привремен престој или живеалиште во странство.

Пациентите беа класифицирани во пет групи, почнувајќи од прва група како најлесна форма, до петта група како најтешка. Во Група 1 се 36 пациенти, во Група 2 – 49 пациенти, во третата група има 41 пациент, во четвртата се 25, а во петтта група има 16 пациенти.

Освен со изгореници, има пациенти со инхалаторни повреди и со психолошка траума, а оние кои се во четврта и петта група ќе им биде потребно продолжено лекување, а кај некои од петтата група и дополнителен хируршки третман. Евалуацијата на повредите од изгореници ќе се врши повеќепати, во зависност од степенот и делот од телото што е зафатен.

TAGGED:изгореницикочаникремиповредени
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија ТВ 24: Трајановски во Аеродром, Ацевски во Ѓорче Петров, Бузлевски јуниор во Ресен
Следна статија Сите ја плаќаме цената на иранските напади, дури и мојот син двапати ја откажа својата свадба, изјави Нетанјаху

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Порано се чекаше 2 часа за до шалтер, сега е 15 минути, од 400 на 900 е зголемен бројот услужени на Институтот за клиничка биохемија

Николина Гроздановска, директорка на Институтот за Клиничка биохемија, гостуваше во поткастот ,,ВМРО-ДПМНЕ…

July 14, 2025
Дали во лето треба да земате витамин Д?

Летото е идеално време за поминување на време на отворено и природно…

July 13, 2025

Вечерва Месечината влегува во Риби, а тоа носи промени за три знаци

Месечината вечерва влегува во мистичниот знак…

July 14, 2025

Од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени

Согласно новите измени на Законот за…

July 14, 2025

Маск алармира за падот на наталитетот: Или Европа ќе почне да има големи семејства или ќе продолжи да умира

Милјардерот Илон Маск повторно ја разгоре…

July 14, 2025

Радев вели дека Македонија самата се блокира на патот кон ЕУ

С Македонија самата се блокира на…

July 14, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Крис Павловски со сочувство и донација за настраданите од Кочани

Крис Павловски, канадски бизнисмен со македонско потекло и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, изрази сочувство и донира финансиски…

March 18, 2025
СВЕТ

Орбан: Нашите мисли и мотиви се со семејства на жрвите – најдлабоки сочувства до македонскиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изрази соочуство до премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски за трагичната несреќа во Кочани, во која…

March 16, 2025
ХРОНИКА

ЈО: Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да започне на почетокот на мај

Испитувањето на оштетените лица во истрагата за трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани е планирано да…

April 25, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

ХЕРОЈ: 19-годишниот Јован Костадинов од Виница спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, а денес сите зборуваат за неговиот…

March 20, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?