strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Проруската партија на моќниот милијардер победи на изборите во Грузија: Опозицијата одбива да го признае поразот
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Проруската партија на моќниот милијардер победи на изборите во Грузија: Опозицијата одбива да го признае поразот
СВЕТ

Проруската партија на моќниот милијардер победи на изборите во Грузија: Опозицијата одбива да го признае поразот

Објавено October 27, 2024 13:04
strana.mk
Сподели
Сподели

Владејачката партија „Грузиски сон“ победи на парламентарните избори против проевропската опозициска коалиција, која во текот на ноќта одби да го признае поразот, соопшти утрово Централната изборна комисија на Грузија.

Партијата „Грузиски сон“, предводена од милијардерот Бидзина Иванишвили, освои 54,08 отсто од гласовите наспроти 37,58 отсто за проевропската коалиција, врз основа на 99 отсто од преброените изборни единици, изјави претседателот на Централната изборна комисија, Ѓорѓи Каландаришвили на прес. конференција.

Во текот на ноќта опозицијата одби да го признае поразот. Таа смета дека ваквите резултати ќе ја оддалечат земјата од влезот во Европската унија (ЕУ) и ќе ја доближат до Русија.


„Не ги признаваме лажните резултати од украдените избори“, изјави синоќа за новинарите Тина Бакучева, шеф на Обединетото национално движење, една од четирите партии во опозициската коалиција.

Опозицијата обвинува дека Грузискиот сон, кој е на власт од 2012 година, е авторитарна и проруска партија и дека ја оддалечува земјата од ЕУ и НАТО, на кои „има аспирации да се приклучи“.

Извршниот секретар на „Грузиски сон“ Мамука Мдинарадзе синоќа изјави дека резултатите што ги објави Централната изборна комисија покажуваат дека партијата обезбедила „солидно мнозинство“ во новиот парламент.

Владата пред изборите изјави дека сака да обезбеди три четвртини од местата во парламентот, кои се неопходни за измена на Уставот, а со тоа, како што планира, да ги забрани прозападните опозициски партии, пишува Франс прес.

Брисел предупреди дека шансите на Грузија за приклучување кон ЕУ ќе зависат од овие избори. Грузија во својот Устав напиша дека сака да влезе во ЕУ.

Изборите, кои беа надгледувани од меѓународни набљудувачи, беа обележани со неколку инциденти, емитувани на интернет, како тепачка на избирачко место во Тбилиси или тепачки во опозициското Обединето национално движење.

TAGGED:грузијагрузиски сонизборирусија
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Состанок со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка бележи континуиран прогрес во областа на статистиката
Следна статија (ВИДЕО) Петрушевски: Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари, мерките на владата даваат резултат

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025
Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025

(ВИДЕО)Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар…

January 7, 2026

Мицкоски со божиќна порака: Грижата за семејствата е грижа за иднината на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски во својата божиќна…

January 7, 2026

(ВИДЕО) Мадуро префрлен во притвор во Њујорк

Заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро, откако…

January 4, 2026

(ВИДЕО) Се појави ново видео од пожарот во Швајцарија: „Бројот на жртвите може да се зголеми“

Француските медиуми објавија дека сопствениците на…

January 2, 2026

РАЗНО

СВЕТ

Ле Пен по пресудата: На милиони луѓе во Франција ќе им биде ускратена можноста да гласаат за фаворитот на следните избори

Марин Ле Пен даде интервју за францускиот тв канал „TF1“, првпат по пресудата. Таа го обвини судот дека донел „политичка…

March 31, 2025
СВЕТ

Пожар во англиско бродоградилиште каде се произведуваат нуклеарни подморници (ВИДЕО)

Пожарот што избувна во бродоградилиштето BAE Systems во Бароу-ин-Фернес во северозападна Англија, каде што се градат нови британски нуклеарни подморници,…

October 30, 2024
СВЕТ

Цели на израелскиот интензивен напад биле 20 ирански воени локации

Израел го заврши тричасовниот воздушен напад врз ирански цели рано во саботата, 25 дена по балистичкиот ракетен напад на Техеран…

October 26, 2024
СВЕТ

Масовниот прекин на струја на Пиринејскиот Полуостров предизвикан од дефект во меѓусекторската врска меѓу Франција и Шпанија

Големиот прекин на електроснабдувањето што го парализираше Пиринејскиот Полуостров вчера, бил предизвикан од ненадејна загуба на 15 гигавати електрична енергија…

April 29, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?