strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Проф.д-р Кузмановска: Трансплантацијата овозможува подолг и поквалитетен живот на пациентите кои имаат потреба од орган
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > Проф.д-р Кузмановска: Трансплантацијата овозможува подолг и поквалитетен живот на пациентите кои имаат потреба од орган
ЗДРАВЈЕ

Проф.д-р Кузмановска: Трансплантацијата овозможува подолг и поквалитетен живот на пациентите кои имаат потреба од орган

Објавено January 11, 2025 11:11
strana.mk
Сподели
Сподели

Проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, во “Добриот доктор” на Сител говореше за историјатот на трансплантацијата во Македонија, истакнувајќи дека во Македонија првата трансплантација е од жив донор, тоа е трансплантација на бубрег, извршена во 1977 година.

-Од тогаш континуирано се прават трансплантации на бубрег, како од жив донор, така и од починат донор, односно кадаверични трансплантации.

Додека трансплантации од починат донор се започнати во Македонија во 2014 година. Во 80-тите години на минатиот век всушност имало неколку, меѓутоа не се добро документирани, кога дури и на барање на семејствата на пациентите кои починале, сакајќи да направат едно големо хумано дело побарале да се донираат органите и тогаш се направени неколку кадаверични трансплантации на бубрег.

Нема прецизни информации колкав е тој број, но тоа е запишано во историјата на македонската медицина како почетоци. Тоа биле навистина пионери, нашите учители на кои морам да им оддадам почит. Потоа во 2014 година започнува развојот на кадаверична трансплантација, при што се трансплантираат и други органи, не само бубрези, туку и црн дроб, истакна проф. Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Таа се осврна и на потребата од органи од починат донор, особено што медицината оди напред.

-Пациентите кои имаат заболувања во напредната фаза се одржуваат подолго во живот медикаментозно и по конвенционален пат и поради продолжување на животниот век тие се кандидати за трансплантација. Значи не завршува медицината само на медикаменти, следен чекор кога ќе се исцрпи медикаментозната терапија е трансплантација. Животниот век се продолжува и потребата за трансплантација е да им се даде шанса на овие пациенти да си го доживеат барем просечниот животен век кој во 21 век во некои земји изнесува 80 години, додека во Македонија е 72 односно 73 години. Имаме пациенти кои чекаат срце, а имаат по 30 години.

Тоа е една метода која им овозможува на овие луѓе да живеат подолг односно нормален животен век.

Заради тоа е потребата од трансплантација, заклучи таа.

TAGGED:ОрганиТрансплантација
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Чудо во Лос Анџелес: Сѐ изгоре до темел, само една вила остана недопрена (ВИДЕО)
Следна статија Во 2024 година во македонските хотели и кафеани се потрошени 270,2 милиони евра

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана

Од Фондот за здравствено осигурување ќе иницираат и измени на Законот за…

July 3, 2025
Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот…

July 3, 2025

Четири хороскопски знаци ги очекува огромно богатство до средина на овој месец

Планетарните влијанија во текот на јули…

July 5, 2025

Жешко: Јелена Карлеуша на јахта

Пејачката Јелена Карлеуша  ужива на црногорското…

July 5, 2025

Кој е Томпсон: Беше во брак со Данијела Мартиновиќ, се разведоа со благослов од папата

Марко Перковиќ Томпсон беше во брак со…

July 5, 2025

Преглед на денот на Вимблдон: Синер убедлив, Рибакина испадна

Светскиот рекет број 1, Италијанецот Јаник…

July 5, 2025

РАЗНО

ЗДРАВЈЕ

Од 10 до 16 март пријавени се нови 1.370 случаи на заболени од грип

Во текот на 11. недела од 2025 година, во државава пријавени се 1.370 случаи на групни пријави за заболени од…

March 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Maжите најчесто умираат од рак на простата

Скрининг, навремена посета на уролог и да не се молчи за проблемите, се препораките што лекарите и психолозите ги упатуваат…

November 7, 2024
ЗДРАВЈЕ

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, информираат од ЈП „Комуналец“

Откако минатата недела Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде наредба за забрана за пиење на водата од градскиот водовод…

October 11, 2024
ЗДРАВЈЕ

Нефролозите со порака: Нефрологијата е клучна во здравствената грижа на пациентите во нашата држава

“Гломеруларни болести: Глобална тивка епидемија и хронична бубрежна болест” е темата на која денес се одржа стручна едукативна секција на…

December 3, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?