Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ракетниот систем „Орешник“ не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје и дека во светот нема средства што би можеле да го пресретнат.
Тој најави масовно производство на ова оружје, нагласувајќи дека овој нов систем стана уште еден гарант на суверенитетот и територијалниот интегритет на Русија.
Во денешниот свет нема одговор за таков проектил, ниту средства за нејзино пресретнување. И уште еднаш ќе нагласам дека ќе продолжиме да го тестираме овој најнов систем, рече Путин.