strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Рокас: Има голем интерес и благонаклонетост кон Македонија да се отвори поглавјето за преговорите
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Рокас: Има голем интерес и благонаклонетост кон Македонија да се отвори поглавјето за преговорите
МАКЕДОНИЈА

Рокас: Има голем интерес и благонаклонетост кон Македонија да се отвори поглавјето за преговорите

Објавено January 17, 2025 15:13
strana.mk
Сподели
Сподели

Сите политички партии треба постојано да придонесуваат за јакнење на улогата на Собранието како форум за конструктивен и инклузивен политички дијалог во насока на забрзување на реформите за членство во Европската Унија, повика амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас денеска во Парламентот, на заедничка седница на собранискиот Национален совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања, на чиј дневен ред беше Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2024 година.

Рокас во обраќањето кажа дека треба да се искористи, како што рече, моментумот на наклонетост во Европската комисија кон нашата земја за почеток на преговори за членство во Унијата.

Би сакал да ве поттикнам да го искористите тековниот момент на наклонетост кон проширувањето. Има вистински моментум, има вистинска посветеност. Од наша страна сме посветени и подготвени да ви помогнеме да го изодите патот кон Европската Унија. Како што сите сведочевте во последните неколку извештаи од Брисел, има голем интерес и благонаклонетост кон Република Северна Македонија да се отвори првото поглавје во преговорите. Новиот претседател на Советот, новиот комесар за проширување и новиот потпретседател на Комисијата Калас, сите ја изразија поддршката за вашиот пат кон ЕУ, рече евроамбасадорот.

Им порача на пратениците да ја искористат „на најдобар можен начин оваа можност, пред се и над се заради придобивките за граѓаните кои сакаат да бидат дел од Европската Унија“.

Според него, „духот на постојана и добра соработка меѓу Собранието и новоизбраниот Европски парламент повторно се потврдува со 23. состанок на Мешовит парламентарен комитет кој ќе се одржи во Скопје“ и, како што рече, тоа го потврдува и комуникацијата со новиот известител од ЕП, Томас Вајц. Посочи и дека за продолжување на реформи кои веќе се почнати на располагање им е и дијалогот Жан Моне.

Евроамбасадорот укажа дека изборите и именувањата „на одредени позиции во државни институции и агенции треба да бидат навремени и да се темелат на заслуга“ и европско знаменце при донесување закони да се употребува само кога се работи за закони за усогласување со законодавството на Европската Унија.

-Новиот собраниски состав треба да ја забрза својата работа и да продолжи со реформите коишто се неопходни за процесот на евроинтеграција на државата вклучително и уставните измени. Собранието треба да усвои агенда со која ќе се намали употребата на скратена или итна постапка на закони и да внимава на соодветна употреба на европското знаменце, процедура која беше забележителна во минатото. Употребата на европското знаменце во процедурите треба да биде поврзана само со законите коишто имаат цел усогласување со законодавството на Европската Унија и да се темели на сеопфатни консултации, вклучително и консултации со Европската комисија, рече Рокас.

Осврнувајќи се на извештајот на ЕК, тој посочи дека десеттиот парламентарен состав го извршил својот мандат главно задоволително, имало политичка поларизација и, како што рече, „имаше одредено задоцнување во однос на назначување одредени функции во институциите на државата“.

– Парламентарните и претседателските избори беа компетитивни и се одржаа во главно задоволителна атмосфера. Сепак, имаше ограничен напредок во однос на препораките од ОБСЕ и Венецијанската комисија и Комисијата за човековите права и тие треба да се имплементираат што е можно поскоро на инклузивен и сеопфатен начин пред следните избори. Собранието не успеа да го постигне двотретинското мнозинство потребно да се направат измени во Уставот и да се вклучат граѓаните коишто живеат во границите на оваа држава, меѓу другите и Бугарите. Немаше ни консензус во однос на процесот за усвојување на закони, меѓу кои и законите за реформи во јавната администрација и правобранителот, рече Рокас.

Додаде и дека Северна Македонија се усогласила целосно со надворешната заедничка безбедносна политика и се приклучила кон санкциите а ЕУ против Руската Федерација со што, како што рече, „ уште еднаш покажа дека е доверлив партнер на Унијата“.

Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков во своето излагање на седницата посветена на Извештајот на ЕК за напредокот на државава, истакна дека од Европската комисија „добивме објективна слика за подготвеноста на земјата во достигнувањето на европските правила и стандарди, како и за тоа што било направено во текот на изминатата година“.

– Очекувам следниот Извештај да биде подобар. Посветено работиме како нова Влада на реформската агенда и очекуваме како Министерство за европски прашања сите релевантни институции кои се вклучени во неа одговорно да ги сработат своите задачи. Имаме добар план и ќе работиме, истакна Трајков.

Претседавачот на собранискиот Национален совет за евроинтеграции Венко Филипче на седницата рече дека забрзувањето на реформите во клучните области е неопходно за напредокот на државата и дека „сите треба да дадат придонес за отворање на првиот кластер“. Филипче најави дека во следниот период ќе има почести седници на ова собраниско тело.

-Ќе бидеме, на некој начин, и контрола и поддршка на Владата во остварувањето на работите што се пред нас, пред сè во делот на реформската агенда. Добро е да се одржува консензусот за членство во Европската Унија. Сметам дека претставници на сите денес присутни политички и економски субјекти ќе дадат свој придонес во работата, поддршка на Владата во остварување на овој процес со цел навистина да се забрза процесот и дека во овој состав на Собранието и во овој мандат ќе се отвори првиот кластер, рече Филипче.

Според него, со заедничка работа на ова ниво „дополнително и јавноста и граѓаните ќе се информираат за тоа како ќе се остваруваат чекорите во реформската агенда“.

-Секој од нас има одговорност да придонесе кон овие напори. Овие предизвици бараат зајакнување на институциите и системите, за да станеме што покомпатибилни со законодавството и практиките на Европската Унија, истакна Филипче.

TAGGED:македонијамихаил рокас
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Близначињата што починаа биле премрзнати, велат од прилепската болница
Следна статија Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот…

July 3, 2025
Костадинов: Судот пресуди дека водата за пиење во Струмица била чиста, питка и биохемиски исправна

Судот денеска донесе правосилна пресуда со која го потврди она што го…

July 1, 2025

Ова се најтемпераментните хороскопски знаци

Некои хороскопски знаци се издвојуваат по…

July 3, 2025

Уапсен е моторциклистот кој усмрти пешак на „Ленинова“

Денеска (03.07.2025) во полициска станица во…

July 3, 2025

УЖАС ВО ТЕТОВО: Силувани две малолетнички, едната ја принудувале на секс со други лица

МВР информира дека вчера во 15.30…

July 3, 2025

Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс

Седумкратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ…

July 3, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Метју Лосон: Половина од нашите инвестиции во целиот Западен Балкан се во Македонија

Стратешкото партнерство и Спогодбата помеѓу владите – што значи за односите помеѓу Британија и Македонија даде свое видување Британискиот амбасадор…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат

Секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности,…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Муртезани: Уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија

Сериозно работиме за надминување на проблемот со нашите европски интеграции, а уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека…

December 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот парламент ќе отфрли каков било „план Б“ за Македонија

Бугарскиот парламент подготвува декларација за отфрлање на неодамнешните обиди за протуркување на „план Б“ за отклучување на почетокот на преговорите…

May 30, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?