Кристијано Роналдо е блиску до потпишување на повеќемилионско продолжување на договорот со Ал Наср.
Според тамошните медиуми, пренесени од „О Жого“, португалскиот ветеран ќе го продолжи договорот со Ал Наср до јули 2026 година.
Тој ќе продолжи да заработува 200 милиони евра годишно, а тоа е 16,67 милиони евра месечно, 3,88 милиони евра неделно, а дневно сумата е 555.555 евра.
Роналдо на 5. февруари ќе наполни 40 години, но тоа не ги спречи богатите газди на клубот да му понудат нестварна сума пари за да остане во Ријад по истекот на неговиот договор ова лето.
Се известува дека еден од првите играчи кој прифатил преселба од врвниот европски фудбал во Саудиска Арабија веќе ја прифатил понудата и е блиску до официјално потпишување на договорот.
Сезнава, Роналдо одигра 18 натпревари во сите натпреварувања, постигна 16 гола со две асистенции.
Ал Наср е трет во шампионатот со 28 бода по 14 одиграни натпревари. На 84 натпревари во дресот на клубот од Ријад, постигна 75 голови.