strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Светскиот ден на вранецот со голем успех на шестата едиција
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Светскиот ден на вранецот со голем успех на шестата едиција
ЕКОНОМИЈА

Светскиот ден на вранецот со голем успех на шестата едиција

Објавено October 7, 2024 17:28
strana.mk
Сподели
Сподели

Здружението „Вина од Македонија“ го одбележа Светскиот ден на вранецот, водечката регионална автохтона сорта и дел од нашето национално винско наследство. Манифестацијата годинава се одржува по шести пат со цел да го популаризира исклучителниот квалитет и карактеристики на вранецот пред винската елита ширум светот и да ја позиционира оваа сорта на светската винска мапа.

Главната манифестација на Светскиот ден на вранецот се одржа во сабота, 5 октомври, во Националната опера и балет во Скопје, со Вински салон на кој винските љубители имаа можност да дегустираат вина од сортата вранец, претставени од 20 македонски винарници членки на Здружението „Вина од Македонија“ и на Здружението „Македонски семејни винарии“.

Во рамки на манифестацијата, специјален концерт одржа минатогодишниот Амбасадор на вранецот Казухиро Котетсу, кој е основач на Токискиот камерен оркестар „Вранец”.

„Сите ние, македонските винарии, сме денес тука да покажеме и да докажеме дека и покрај соочувањата со предизвиците, со соработка и посветеност можеме да ги надминеме. Светскиот ден на вранецот од иницијатива за популаризација на оваа сорта прерасна во традиција, со чија помош, македонското вино го позиционираме на светската винска мапа. Ќе ни треба уште долг пат“, рече претседателот на „Вина од Македонија“ Светозар Јаневски, истакнувајќи дека е потребно да има поголема и подобра соработка помеѓу сите чинители во македонската винска индустрија со цел да се подобри имиџот на македонското вино во светот, да се вложува во капацитетите за промовирање на винскиот туризам и да се вложува во развојот на оваа индустрија особено преку системот за стандарди и географски ознаки.

„Традиционално, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е главен поддржувач на манифестацијата и среќен сум што вечерва на пиедестал ја ставаме нашата препознатлива сорта вранец, како водечка регионална автохтона сорта и дел од нашето национално винско наследство“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

„Со задоволство ја следам напорната работа што Вина на Македонија ја прави со промовирање на вината од овој регион, како и нивната поддршка во зачувувањето на традициите на производство на вино и уникатниот идентитет на вранецот“, изјави Оцука Казуја, амбасадор на Јапонија во Р.С. Македонија, посакувајќи понатамошна континуирана промоција на македонското вино во Јапонија.

На манифестацијата беа присутни и 25 интернационални вински новинари кои деновите пред настанот посетија 11 македонски винарници со цел да се запознаат со македонската винска индустрија, да пробаат квалитетно македонско вино и да ја промовираат нашата држава како винска земја пред бројни читатели на светски познати магазини како Forbes, Decanter, BKWine и WineSofa. Меѓу нив беше и ново прогласениот Амбасадор на вранецот за 2024 година, Пер Карлсон. Карлсон е светски познат новинар кој последниве 3 години редовно пишува статии и спроведува интервјуа за вранецот во едно од најпознатите списанија – Forbes. Тој минатата година беше и судија на Vranec Selection, натпреварот посветен на вранец, кој се одржа во нашата држава во организација на Concours Mоndial de Bruxelles.

Во рамки на настанот беа доделени благодарници на Јапонската и Швајцарската амбасада, која континуирано го поддржува Светскиот ден на Вранецот уште од првото издание во 2019 година.
Главен поддржувач на настанот е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а годинава со своја поддршка се приклучи и Јапонската амбасада, која ја прославува 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Јапонија. Светскиот ден на вранецот го поддржа и Министерството за култура и туризам, а компаниите Термалифт, ВетроПак, Тохем, Куиненбергер, Кожувчанка, Пекабеско и Специјал беа спонзори на настанот.

TAGGED:светски ден на вранецот
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Светска банка:Македонија треба да инвестира 6,4 милијарди долари за поголема отпорност кон климатските промени
Следна статија Почина маж по пад од дрво, приведена сопругата која се обидела да избега од државата

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клековски: Ден на лица со мултипла склероза, наместо честитки, 60 отсто зголемен буџет за биолошки лекови

За Светскиот ден на лицата со мултипла склероза, наместо честитки, 60 проценти…

May 30, 2025
Протест на здравствените работници во тетовската болница, бараат плати и решенија

Здравствените работници во тетовската болница излегоа на протест барајќи исплата на плати…

May 30, 2025

Индијана Пејсерс се пласира во големото НБА финале (ВИДЕО)

Кошаркарите на Индијана Пејсерс го совладаа…

June 1, 2025

Скопјани повеќе од 24 часа без вода – „Водовод“ требало да обезбедат цистерни

Повеќе делови од Скопје вчера околу…

June 1, 2025

Мицкоски: Инспекторатот за употреба на јазиците оди под надлежност на Министерството за правда, да се реши проблемот со платите

Денеска заедно со првиот заменик претседател…

June 1, 2025

Луис Енрике – две тројни круни со двa различни тима

Луис Енрике е втор тренер во…

June 1, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Горивата поскапуваат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

October 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: До март следната година ќе имаме комплетни проекти за сите косини на автопатот Охрид-Кичево

Еден од најголемите проблеми на автопатот Охрид – Кичево се косините на трасата бидејќи навреме не се испитувала геологијата на…

November 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Уставниот суд го потврди ставот на бизнис-заедницата: Даночните политики мора да обезбедат правна сигурност

Стопанската комора на Македонија ја поздравува одлуката на Уставниот суд за поништување на Законот за данок на солидарност, со што…

February 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

БДП со стапка на раст од 3,2 проценти во четвртиот квартал лани

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во државава во четвриот квартал лани е 3,2 проценти, објави денеска Државниот завод…

March 4, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?