strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Силјановска Давкова за спорот со Бугарија: Соломонско решение е она со одложено дејство
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Силјановска Давкова за спорот со Бугарија: Соломонско решение е она со одложено дејство
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Силјановска Давкова за спорот со Бугарија: Соломонско решение е она со одложено дејство

Објавено November 18, 2024 23:07
strana.mk
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека излезното соломонско решение за спорот со Бугарија е решението со одложено дејство. За ова, вели таа, разговарала и со бугарскиот претседател Румен Радев, но и со сите други претставници на земји од ЕУ, како и други земји пријатели и поддржувачи, кај кои наишла на разбирање. Оптимист е дека работите може да се придвижат во скоро време и земјава да ги почне преговорите со ЕУ. Претседателката смета за ова решение мора да има општ консензус во државата, за појаки преговарачки позиции.

-Не можам да не кажам дека и покрај инцидентот со знамето и во Софија со бугарскиот претседател Радев имавме плодни разговори меѓутоа повеќе од еден час разговаравме и во Баку. Заклучокот е дека самопочитта раѓа и почит, тоа е мојот прв заклучок. Се разбира дека во разговорите ние секогаш си ги одмеруваме зборовите и овојпат беше така. Соопштенијата се дипломатски, иако нашето беше подипломатско, но јас сакам да ги информирам граѓаните дека од прва рака му го објаснив нашиот став на Радев за кој што има консензус меѓу Владата и мене. Реков дека е најдбро јас да му го соопштам тоа што им го соопштувам и на останатите претставници и ЕУ и останатите земји, наши пријатели… бидејќи тоа е решението за кое мислам дека е многу разумно, добронамерно, решението со одложено дејство, рече претседателката во интервју за Македонската радиотелевизија.

Таа вели дека од Радев немало коментар, но оти таа ја разбира состојбата во Бугарија, неможноста за формирање влада и за институционализирање на дијалогот и меѓу Владите, односно нашето МНР и нивното. Но, како што рече, мисли дека тој ќе се обиде да ги разбере и нашите позиции кои се најдобронамерни и насочени кон ставање крај на вин – луз состојбата и креирање на вин – вин состојба.

-Ние не смееме да го изгубиме легитимитетот, ние не ги мамевме граѓаните. Напротив и нашиот легитимитет извира од нив. Јас сум должна да го бранам националниот интерес, но, не со скандали, не со навреди, туку со почит, рече Сиљановска Давкова додавајќи дека и културната дипломатија дава големи резултати.

На прашањето дали може да се говори за некакви временски рамки за надминување на спорот, со оглед на тоа што и премиерот Христијан Мицкоски по нејзината средба со бугарскиот претседател рекол дека до крајот на годинава ќе може и ние да продолжиме со нашиот процес за евроинтеграции на достинствен начин, македонската претседателка рече дека и таа го очекува истото.

-Очекувам и јас да се случи истото. Очекувањата не ми се фиктивни, тие се темелат на нашите раговори во Њујорк. Јас не сум дипломат, професот бев и внимавам што ќе кажам. Нашето излезно решение, соломонско решение јас го соопштив и во Њујорк во средбите со многу видни политичари. Мислам дека ме разбраа и мислам дека сега е на ред ЕУ, а господинот Радев постојано се повикува на ЕУ и го квалификува проблемот, не како билатерален, туку мултилатарален, дека треба да дојде до крајот на годината. Јас верувам во сериозноста на таквите ветувања. И нашата позиција и мојата позиција ја соопштив и на средбата со белгискиот премиер, но и во средбите со сите останати, особено оние од Вишеградската група и сите оние кои ни помагаат. Од сите нив чув дека, да вие сторивте многу, го сторивте и неможното. Дури и сега нудите компромис, рече Сиљановска Давкова.

Таа очекува, како што рече, сериозните политичари да се држат до зборовите, но исто така и да не заборават дека ЕУ се темели и е единствено решение само доколку не ги заборава сопствените вредности и принципи изразени во уставните документи, во Лисабонскиот договор и во конвенцијата за фундаменталните права.

-Без тоа ЕУ не е она што вели Макрон – филозофија на живот и управување, туку бирократска машинерија која понекогаш ги заборава и сопствените принципи и вредности, ако тоа е курентно или ако се во прашање интересите на земји членки ЕУ, а тоа ќе го отежне проширувањето. Повторувам дека овој преседан нема да остане само македонска приказна, туку дека тој ќе се прошири и ќе ја загрози реунификацијата на Западниот Банкан, како што го нарекуваат, во ЕУ, рече македонската претседателка.

Таа смета дека за понуденото решение мора да има општ консензус во државата, за да не се случи нешто како она кога минатата власт прифатила договор и француски предлог без вклученост и согласност на тогашната опозиција.

-Вината е во нас. Вината е во отсуството на потрага по консензус кога морало да постои мслам на прифаќањето на преговрачката рамка. Тогаш, да бидам искрена, опоизицијата беше целосно маргинализирана. Јасно ни е дека нашиот претседател, нашиот премиер ја прифатиле преговарачката рамка таква каква што е, меѓутоа суштински тие немале легитимитет да го сторат тоа бидејќи јасно е дека немало консензус. Затоа реков дека еден од најумните потези беше кога премиерот ја отфрли. Последиците сега ги трпиме оти сите велат вие ја прифативте преговарачката рамка. Не смее оваа власт да го прави истото. Не се оди надвор ако не можете да се повикате на консензус, тогаш сте вие како преговарач послаби. Мислам дека во случајов нешто што предлагаме ние е не само реално, туку дека е и разумно, дека е исто така и логично и дека треба да бидеме конечно разбрани не заради нас, туку заради граѓаните кои се уморни од празни ветувања – уште ова, уште ова…, рече Сиљановска Давкова.

Според неа ни заклучоците ни преговарачката рамка, ниту со најкреативна интерпретација не може да се толкуваат како меѓународни договори.

-Да, ние имаме Договор, во него нема ваква точка. Замислете што ќе се случи ако нашите две комисии во продуцирањето на предлозите и во записниците отворат простор за уште многу вакви креативни дополни на преговарчката рамка, истакна таа.

Додаде дека Комисијата ќе продолжи да работи по промената на составот бидејќи таа е дел од Договорот за добрососедство и пријателство, но смета дека не може да има наука под капа на политиката. Науката, рече, се гради на академии, на меѓународни конференции таму каде што мислата на историчарите е слободна

TAGGED:бугаријагордана силјановска давковасоломонско решение
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Николоски: Имаме три варијанти за брза пруга, набрзо ќе ја избереме најдобрата траса
Следна статија Мицкоски за студентите: Вие сте оние што ќе го водат нашето општество кон подобра иднина

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клековски за РСЕ: Обвинението за Онкологија е порака за целото здравство

Клиниката за онкологија доби историски голем буџет, два пати поголем и финансиите…

June 1, 2025
Работиме и прекувремено, но ни праќаат пациенти од цела Македонија и без јасна потреба од итност, вели Николова од Институтот за радиологија за недостатокот на термини

Грижата за здравјето е најважен сегмент за долг и квалитетен живот. Тоа…

May 31, 2025

Мицкоски: Да се направи јасен акциски план во догледен рок и да се одвојуваат од Буџетот пет проценти за потребите на НАТО

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со…

June 1, 2025

ВРЕДИ: Димитар Апасиев ја потврди и бетонира коалицијата помеѓу Левица, ДУИ и Данела Арсовска

Димитар Апасиев даде јавна поддршка кон…

June 1, 2025

(ВИДЕО) Николоски: Интензивно се работи на трите автопатски делници

Интензивно се работи на трите автопатски…

June 1, 2025

Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули , останатите 50 проценти од 1 јануари

Педесет проценти од царините ќе бидат…

June 1, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Карадаковски починал поради 90 отсто оштетени дишни патишта

Директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Неготино се прости од Фросина

На протест во Неготино, родниот град на 22-годишната Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на ул. „Партизанска“ во Скопје, попладнево…

January 31, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски нема конкуренција: Лидерот на ВМРО ДПМНЕ до убедливо најголема поддршка

Македонскиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски убедливо е на првото место на листата на политички лидери во кои…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска и утре ќе престојува во дводневна посета во Република Србија по…

November 22, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?