strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Синвар имал сеф со милиони во кеш, а жена му носела чанта „биркин“ од 32.000 долари
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Синвар имал сеф со милиони во кеш, а жена му носела чанта „биркин“ од 32.000 долари
СВЕТ

Синвар имал сеф со милиони во кеш, а жена му носела чанта „биркин“ од 32.000 долари

Објавено October 21, 2024 16:09
strana.mk
Сподели
Сподели

Под тлото на Газа бил изграден светол и удобен простор за живеење на 61-годишниот Синвар и на неговите чувари. Во него имало комплетно опремена кујна, за која претставниците на израелските одбранбени сили велат дека требало да им помогне на терористите да ја преживеат војната што ја десеткува Газа. Во бункерот имало и убави и чисти бањи, повеќе колонски води, хигиенски производи, оружје, муниција, експлозиви… Најдена е и торба со храна на која пишува „Агенција за палестинските бегалци на Обединетите нации“ (УНРВА). Наспроти подземното удопство на Синвар, Палестинците во Газа, во чие име се борел, гладуваат до тој степен што се среќни кога ќе обезбедат еден оброк дневно, а едно од три деца е акутно неисхрането

Храна донирана од Обединетите нации наменета за гладните Палестинци, милиони во готовина, повеќе колонски води и тоници, убаво опремени кујна и бањи со тушеви… се пронајдени во бункерот под Газа, во кој се криел водачот на Хамас, Јахја Синвар, кого го убија израелските војници, минатата недела во Рафа.

Како што јавуваат официјални лица од Израел, Синвар се подготвувал да се скрие од војната во својот таен бункер под Газа, па затоа тој бил така снабден.

Видео што го снимиле војници на израелската армија во февруари покажува како организаторот на нападот врз Израел на 7 октомври ги минувал деновите во Кан Јунис, местото каде што е и роден, во текот на првата половина од војната, пред да биде принуден да побегне во Рафа, каде што беше убиен.

На видеото се гледа светол и удобен простор под земја, за живеење на 61-годишниот Синвар и на неговите чувари. Таму имало комплетно опремена кујна, за која претставниците на израелските одбранбени сили велат дека требало да им помогне на терористите да ја преживеат војната што ја десеткува Газа. Војникот што ја води турата во подземниот тунел покажува торба со храна на која пишува „Агенција за палестинските бегалци на Обединетите нации“ (УНРВА). Хамас постојано беше обвинуван за кражба на оброци од меѓународната агенција, која доставува продукти за речиси два милиона бегалци во Газа, пишува „Њујорк пост“.

Покрај резервите со храна, израелските војници што влегле во бункерот пронашле и неколку бањи и тушеви, кои биле многу почисти и помодерни од другите бањи што ги имало во системот на тунели на Хамас.

Во делот за телохранителите, покрај вратите има шкафови со оружје, муниција и со експлозиви. Малата соба на Синвар, пак, е во задниот дел од бункерот. Во неа, до креветот е пронајден голем сеф, а војникот што го отвора вели дека во него има милиони од израелската валута шекели. Покрај креветот на Синвар се пронајдени неколку шишиња колонска вода, хигиенски средства и тоници.

– Овде живее на добар начин, со сите свои милиони, додека цивилите живеат во сиромаштија и гладуваат – коментира војникот на ИД на видеото.

Не е првпат Синвар и другите убиени лидери на Хамас да се обвинети за живеење во луксуз во Газа, на сметка на луѓето за кои се борат. Нивните имоти и куќи за одмор во Газа беа цел на критики кога беа документирани од израелската војска, минатата година.

Раскошниот живот на лидерите наспроти страдањата на луѓето од Газа го покажува и едно видео што наводно покажува како оди семејството на Синвар, еден ден пред ланскиот напад врз Израел на 7 октомври, низ тунелите за да се скрие. Според израелските власти, жената што се гледа на снимката како се движи низ тунелот и погледнува во камерата е неговата сопруга, Абу Замарани. Во рацете таа држи една од најскапите женски чанти на светот – „биркин“, вредна 32.000 долари.

Синвар се сокрил во бункерот во Кан Јунис, местото во Газа каде што е роден, во првата половина од војната додека ги водеше силите на Хамас како лидер на групата во Газа. Израелската армија го опколи домот на Синвар и го проби бункерот во февруари и тогаш ја пропушти милитантната група, која бегаше на југ. Се верува дека потоа, до крајот на војната, Синвар се криел во Рафах, каде што избегаа стотици илјади палестински бегалци во текот на напредувањето на ИД кон југ.

И додека Синвар, и кога живеел под земја, уживал во најголемиот луксуз според условите во кои живеел, населението на Газа, во чие име се бореше, страда, без храна е, пари работа… Меѓународната организација на трудот соопшти дека од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас невработеноста во Газа пораснала за речиси 80 проценти, а стопанството е во речиси целосен колапс. Оние жители на Газа што сè уште работат, ангажирани се неформално во области што првенствено се насочени кон обезбедување на основните стоки и услуги. Производството е паднато за 85 проценти, па целокупното население на енклавата, кое брои 2,3 милиони, е турнато во сиромаштија. Во такви услови, Палестинците во Газа се целосно зависни од хуманитарната помош. Семејствата се среќни ако успеат да обезбедат еден оброк дневно, а едно од три деца е акутно неисхрането.

TAGGED:газаЈахја Синварлуксуз
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Собранието доби „глува соба“ за доверливи разговори
Следна статија За победа на Трамп можете да се обложите и во биткоинти

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана

Од Фондот за здравствено осигурување ќе иницираат и измени на Законот за…

July 3, 2025
Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот…

July 3, 2025

Четири хороскопски знаци ги очекува огромно богатство до средина на овој месец

Планетарните влијанија во текот на јули…

July 5, 2025

Жешко: Јелена Карлеуша на јахта

Пејачката Јелена Карлеуша  ужива на црногорското…

July 5, 2025

Кој е Томпсон: Беше во брак со Данијела Мартиновиќ, се разведоа со благослов од папата

Марко Перковиќ Томпсон беше во брак со…

July 5, 2025

Преглед на денот на Вимблдон: Синер убедлив, Рибакина испадна

Светскиот рекет број 1, Италијанецот Јаник…

July 5, 2025

РАЗНО

СВЕТ

Секоја група контролира дел од територијата: По падот на Башар ал Асад во Сирија не се знае „кој пие кој плаќа“

Ноќта на 8 декември, падна режимот на Башар ал Асад во Сирија. Во земја чии различни провинции се под контрола…

December 9, 2024
СВЕТ

Најмалку 90 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 48 часа

Повеќе од 90 луѓе во Газа беа убиени во израелските напади во текот на изминатите 48 часа, соопшти денеска Министерството…

April 19, 2025
СВЕТ

Градоначалникот на Харков: Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната (ВИДЕО)

Најмалку три лица загинаа во руски напад врз вториот по големина украински град Харков, и според градоначалникот Ихор Терехов, тоа…

June 7, 2025
СВЕТ

Познатиот поткастер Џо Роган ги налути Украинците, велејќи дека сакаат да започнат Трета светска војна

Џо Роган, еден од најпопуларните подкастери во светот, предизвика бес во Украина откако рече дека Киев и неговите западни сојузници,…

November 27, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?