strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Соработка на ИСОС со Светска Банка: Едукацијата има клучно значење за развојот на сметководствената професија
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Соработка на ИСОС со Светска Банка: Едукацијата има клучно значење за развојот на сметководствената професија
ЕКОНОМИЈА

Соработка на ИСОС со Светска Банка: Едукацијата има клучно значење за развојот на сметководствената професија

Објавено November 18, 2024 18:01
strana.mk
Сподели
Сподели

Трансфер на напредно знаење и практични искуства за најновите Меѓународни стандарди за финансиско известување (МФСИ) заради нивна ефикасна примена во нашата земја, беше главната цел на стручната работилница, која од 12 до 15 ноември 2024 се одржа во Скопје, во организација на Центарот за реформа на финансиско известување на Групацијата на Светска Банка и Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС).

Работилницата беше првенствено наменета за лиценцираните друштва кои вршат обуки за континуирано професионално усовршување во областа на сметководството и за претставници на академската заедница и државните институции во областа на финансиите, а учество во настанот можеа да земат и претставници од сметководствените бироа и сметководители од земјата, како и од Институтите и Сојузите на сметководители и ревизори од регионот.

Учесниците на оваа работилница имаа можност да стекнат сеопфатно разбирање за ажурираните меѓународни стандарди за финансиско известување (МСФИ), надополнети со практични примери од неколку студии на случај, со што се зголемуваат нивните знаења и способности за ефективна имплементација на овие стандарди во нивните професионални улоги. Очекувањата се дека оваа обука ќе придонесе за зголемување на капацитетите на лиценцираните обучувачи за МСФИ во земјава, како и севкупно подобрување на квалитетот на финансиските извештаи кои се изработуваат според меѓународните сметководствени стандарди.

„Одржувањето на оваа четиридневна стручна работилница уште еднаш покажа дека континуираната едукација има навистина големо влијание и може значајно да го подигне квалитетот на сметководствените услуги. Овој настан беше одлична можност за претставниците од лиценцираните друштва за вршење обуки, од сметководствените бироа и од надлежните институциите во областа на финансиите, да се запознаат со новините во  меѓународните стандарди за финансиско известување, да слушнат практични примери и искуства од нивната примена и истовремено да добијат одговори на дилемите и предизвиците со кои се соочуваат во нивната секојдневна работа“, изјави претседателката на ИСОС Весна Прентоска, искажувајќи благодарност до експертите кои ја вршеа обуката, како и до претставниците на Центарот за реформа на финансиско известување на Групацијата на Светска Банка, за нивната улога и посветеност во успешното организирање на оваа работилница.

Инаку, работилницата посветена на имплементацијата на Меѓународните стандарди за финансиско известување, која воедно е прва од ваков вид во нашата земја, беше спроведена од страна на експерти од Центарот за реформа на финансиско известување (CFRR) на Светска Банка, како дел од нејзината Програма за подобрување на сметководството, ревизијата и известувањето за одржливост (EAASURE), финансирана од Министерството за финансии на Република Австрија и Државниот Секретаријат за економски прашања на Швајцарската Конфедерација.

За време на нивниот престој во земјава, претставниците на Центарот за реформа на финансиско известување на Групацијата на Светска Банка имаа средба и со членовите на управниот одбор на ИСОС, на која се разговараше за актуелните состојби и предизвиците со кои се соочува сметководствената професија во земјата, а се разгледаа и можностите и областите за натамошно продлабочување на соработката помеѓу двете организации, во насока на натамошно зајакнување на капацитетите на сметководствената професија, зголемување на квалитетот на финансиското известување и унапредување на статусот на професионалните сметководители во нашата земја.

TAGGED:едукацијаисоссветководствосветска банка
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Доаѓа снежна бура со интензивни временски услови!
Следна статија Меџити: Не постои Закон за албански јазик за да може да се каже дека се укинува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека според проценки на стручни медицински…

June 30, 2025
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од…

June 29, 2025

Еди Рама во Скопје доследен на својот моден стил

Премиерот Еди Рама е во Скопје…

June 30, 2025

На „шарените“ во Белград откако им пропадна протестот сега блокираат раскрсници

Студентите во блокада во Србија ги…

June 30, 2025

(ФОТО) Mицкоски ги пречека лидерите од регионот

Вечерва имав чест да сум домаќин…

June 30, 2025

Николоски: Во патната инфраструктура изминатата година се направи повеќе отколку во последните девет години

Изминатата година во изградбата на патната…

June 30, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Азески најави конкретна реализација за автопатот Кичево – Охрид

Бранко Азески, претседателот на Стопанска комора најави конкретна реализација за автопатот Кичево – Охрид Во видеото што следи, точно и…

March 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка

Јавниот долг по подолг период е намален не само процентуално, туку и во апсолутна бројка, изјави министерката за финансии Гордана…

May 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема договор за минималната плата, но ќе се формира официјална потрошувачка кошница

Нема договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика,…

February 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

И покрај периодот на исклучителни кризи, преку внимателно обмислени и добри политики и преку навремени мерки, Народната банка одигра значајна…

April 26, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?