Тешко е повредена жена во Охрид откако ја удрило патничко возило „фолксваген туарег“.
„На 18.10.2024 година, во 20.55 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од бул. „Туристичка“ со ул. „Дејан Војвода“ во Охрид, патничко возило марка „фолксваген туарег“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.С.(43) од село Лешани, Општина Дебарца удрило во пешак К.С.(43) од Струга.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.С., констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.