strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик
МАКЕДОНИЈА

Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик

Објавено November 26, 2024 14:09
strana.mk
Сподели
Сподели

Десет месеци по донесувањето во Собранието, (26 јануари 2024), Законот за употребата на македонскиот јазик не се применува. Меѓу одредбите што тој ги содржи е формирање Инспекторат за надзор над примената на законот, но тој не профункционирал.

Проф. д-р Искра Пановска-Димкова, раководителка на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет на Скопскиот универзитет, денеска изјави дека доколку почне да се применува законот, кој треба да го замени стариот од 1998 година, ќе биде многу олеснето и вработувањето на кадарот што завршил македонски јазик, со оглед дека законот пропишува задолжително лекторирање на сите материјали, вработување лектори во сите државни институции, издавачки куќи, медиуми…

– Законот што се донесе сѐ уште не е влезен во сила. Таму беше предвидено формирање Инспекторат, што не е случено. Во меѓувреме имавме избори, претпоставуваме дека им треба на луѓето време за да се снајдат на новите позиции, но очекуваме во најскоро време тоа да се случи, изјави раководителката на Катедрата за македонски јазик на УКИМ која денеска организираше Свечен час за одбележување 80 години од  прогласувањето на македонскиот јазик за службен. 

Според Пановска-Димкова, со примената на Законот за употреба на македонскиот јазик  се очекува да се зголеми и интересот за студирање македонски јазик. Во оваа академска 2024/2025 година, на Катедрата за македонски јазик се запишале 20-ина студенти, слично колку и минатата година

– Бројот е сличен како минатата година, но ние сме задоволни со тој број. Битен ни е квалитетот. Тие деца што доаѓаат да се запишат да студираат македонски јазик доаѓаат со вистинска желба, а не по одбиеност од други факултети како што беше во минатите години. Имајте предвид дека и бројот на матуранти секоја година е сѐ помал и помал и не може да очекуваме којзнае колкав број на студенти, додаде Пановска-Димкова.

Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ денеска организираше Свечен час за одбележување осум децении од  прогласувањето на македонскиот јазик за службен на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година. 

Овој ноемвриски ден го избрале, рече таа,  затоа што „токму во ноември пред 80 години почнала со работа и првата јазична комисија со цел да дојде до конечната кодификација на македонскиот јазик“. Тоа се случило на 5 мај 1945 година, датум кој од 2019 година кај нас се одбележува како Ден на македонскиот јазик. 

– Првото заседание на АСНОМ за македонскиот народ е еден од ретките историски моменти што означуваат пресвртница во развојот на јазикот и на нацијата. Тоа е остварување на сонот на многу генерации Македонци  дотогаш и една идеја водилка за која многумина ги изгубиле своите животи. Тоа е еден момент што вреди да се одбележи од сите институции, па така и од Катедрата за македонски јазик, истакна Пановска-Димкова.

Професорите од Филолошкиот факултет на УКИМ, Димитар Пандев и Емилија Црвенковска, на свечениот час имаа излагања за придобивките од АСНОМ за македонскиот јазик. 

-Тоа беше заложба уште во времето на Михаило Апостолски, како водач на војската, којшто, меѓу другото, се залагаше македонскиот јазик да се воведе како службен јазик и тоа да биде определба и на АСНОМ, со цел да се  санкционира употребата на другите јазици на територијата на Македонија, оние јазици што претходно биле во службена употреба. Значи, тоа е основен став од кој тргнува АСНОМ и го доведува македонскиот како службен јазик во македонската држава, изјави проф. Пандев.

Според него, и денес се опстојува на АСНОМ-ските позиции за македонскиот јазик, а во однос на промените смета дека  „јазикот има способност да се рециклира, сето она што му е ненужно да го отфрла“ и оти „македонскиот јазик тоа успешно го прави во сите изминати осум децении“.

Проф. Црвенковска имаше излагање за значењето на АСНОМ за македонскиот јазик и просветата и се фокусираше на четири решенија на АСНОМ.

-Едното е, се разбира, кога Македонија станува државотворна и македонскиот јазик државотворен, тоа повлекува и понатамошна кодификација на она што е прогласено за службен јазик – втората одлука на АСНОМ. Трето е Декларацијата за еднаквост меѓу народите што живеат на територијата на Македонија, што е многу важно, и четвртиот аспект е просветата, како што се нарекува тогаш образованието. Оттогаш започнуваат првите училишта на македонски јазик, уште за времето на НОБ, на слободна територија. Со неверојатна брзина се реализирало зацртаното, во првите шест месеци веќе се формирани основни училишта, гимназии и Одлуката за универзитет каде што токму денеска се наоѓаме и чиишто корени се во АСНОМ-ските решенија, изјави проф. Црвенковска. 

Во однос на грижата за македонскиот јазик денес, таа укажа на „непочитување на (јазичната) норма во одредени ситуации, неводење сметка за акцентирањето и за културата на говорот“.

-Во медиумите треба, исто така, да се води сметка за дикцијата, за истакнување битно од небитно кога се соопштуваат вести и за други недоследности за кои може да се работи и да се искристализираат, додаде професорката.

Свечениот час со поздравно обраќање го отвори деканот на Филолошкиот факултет на УКИМ, проф. д-р Владимир Мартиновски, кој рече дека решенијата донесени на Првото заседание на АСНОМ се „вертикали врз кои се гради македонската култура, наука и образование“.

Покрај излагањата организирани од Катедрата за македонски јазик, имаше и изложба во Државниот архив, насловена „АСНОМ – израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“.

TAGGED:македонски јазикслужбен
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.
Следна статија Казни од 200 евра за неплаќачите на патарините

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За џабе се трошат пари за скрининзи за рана детекција на рак на дојка и на грло на матка- Резулатите многу доцнат или ги нема

Како на време да се открие рак на дојка или на грло…

July 14, 2025
Порано се чекаше 2 часа за до шалтер, сега е 15 минути, од 400 на 900 е зголемен бројот услужени на Институтот за клиничка биохемија

Николина Гроздановска, директорка на Институтот за Клиничка биохемија, гостуваше во поткастот ,,ВМРО-ДПМНЕ…

July 14, 2025

Софија Вергара е бомба, а погледнете ја нејзината помлада сестра: Убавата Колумбијка повеќе не е „во сенка“

Сите знаете како изгледа Софија Вергара…

July 15, 2025

Митева: Поразот на СДС на локалните избори ќе им биде показател за потребната реформа и реорганизација

На телевизија Алфа во емисијата „За…

July 15, 2025

Тешко повредена велосипедистка во сообраќајка во Скопје

На 14.07.2025 во 16.20 часот во…

July 15, 2025

Активни четири пожари, изгаснати 15, информира ЦУК

До 18 часот, евидентирани се вкупно…

July 15, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Митева: Мораме да размислуваме за интересите на државата со разумност и одговорност, а не со политика

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева, денес одржа прес-конференција во Медија центарот на Владата. Одговарајќи на новинарско прашање…

January 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДКСК повикува на транспарентност при донесување на измените на Законот за јавни набавки

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) изразува сериозна загриженост поради предложените измени и дополнувања на Законот за јавните набавки,…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Почнува Страдалната недела, ова се адетите за секој ден до Велигден

Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака,…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните фрлаа камења и го превртија возилото на сопственикот на „Пулс“

Во Кочани денеска се одржаа протести по несреќата во дискотеката „Пулс“ во која изби пожар во кој 59 лица го…

March 17, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?