Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов во емисијата „Бизнис21“ на ТВ „21“ истакна дека пратениците веќе се согласуваат дека минимална плата од 500 евра е мала и тешко е да се преживее.
Како што додава, тоа го направиле по предлогот кој го дал за именуваните функционери една година да живеат со минимална плата.
„Пратениците почнаа да кукаат дека тешко било и со 500 евра да се живее во Македонија, а што да кажат овие со 395 евра?“, вели Трендафилов.