strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
МАКЕДОНИЈА

Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари

Објавено October 21, 2024 14:45
strana.mk
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три вработени во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за проневера во службата. Според обвинението, трите соизвршителки присвоиле пари доверени во службата во износ од  23.133.245 денари со намера да прибават противправна имотна корист.

Како што соопштуваат од обвинителството, трите соизвршителки, во временскиот период од 01.12.2018 година до 05.08.2021 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики.

– Тие заеднички, како одговорни лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, со намера да прибават за себе противправна имотна корист, присвоиле пари доверени во службата во вкупен износ од 23.133.245 денари, што претставува значителна имотна корист, стои во соопштението од обвинителството.

Дополнуваат дека две од обвинетите, продавачки на билети на продажните места – билетарници „Зелен пазар“ и ГТЦ уплаќале помалку парични средства наплатени во готово, додека, третата обвинета, самостоен референт-сметководител во Одделение за сметководство-Сектор за финансиско работење  во ЈСП, иако знаела дека паричните средства не се уплатени и раздолжени, сметководствено вршела докнижувања, прекнижувања, исправки и други книговодствени дејствија без документација, за да може сметководствено да ги оправда и покрие неуплатените готови пари од дневниот пазар.

Јавниот обвинител, со поднесување на обвинителниот акт, предложил и определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање.

TAGGED:јсп
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Муцунски: Наша цел е државата да биде кредибилна земја членка на НАТО, посветена на евроинтеграцијата
Следна статија Сообраќајка на патот Кичево- Гостивар, сообраќајот е во целосен прекин

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вонредна е состојбата во болницата во Кочани, физикална терапија се обезбедува за 40 лица, а на преврски доаѓаат над 70 повредени

Вонредна е состојбата во Општата болница со проширена дејност во Кочани по…

May 16, 2025
Педесет нови случаи на грип во државава

Во текот на 19. недела од 2025 година – од 5 до…

May 15, 2025

Германскиот министер за одбрана им се закани на граѓаните со задолжителен воен рок

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус…

May 18, 2025

(Видео) Зеленски и Венс се сретнаа за првпат по жестоката кавга во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна…

May 18, 2025

Национални шуми превентивно расчистуваат терени и прават обрачи против пожари

Вработените во Јавното претпријатие „Национални шуми“…

May 18, 2025

Урбаните моторџии низ скопските улици во знак на борбата за заштита на машкото здравје

Македонските урбани моторџии по десетти пат…

May 18, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Симулација на вонредна состојба за проверка на капацитетите на МВР и ТАВ Македонија

Симулациска вежба на заложничка криза се одржа денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје на Припадници на специјалните сили на Министерството за…

March 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Девет од македонските кандидати за судија во Стразбур испаднаа по првата проверка

Комисијата задолжена за избор на македонски кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права денеска одржа втор состанок во…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Ќе се „гужваме“ по граници: Од 10 ноември при влез во ЕУ ќе се земаат отпечатоци и фотографии

Државјаните на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово, Украина и други земји на чии граѓани не им…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди за дестабилизација на Македонија

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошовски истакна дека во текот на вчерашниот ден се случиле настани кои…

November 29, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?