strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Унгарија со план како да го реши спорот меѓу Скопје и Софија, за Орбан земјава мора да ги почне преговорите до крајот на годинава
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Унгарија со план како да го реши спорот меѓу Скопје и Софија, за Орбан земјава мора да ги почне преговорите до крајот на годинава
МАКЕДОНИЈАПОЛИТИКАСВЕТ

Унгарија со план како да го реши спорот меѓу Скопје и Софија, за Орбан земјава мора да ги почне преговорите до крајот на годинава

Објавено September 28, 2024 13:38
strana.mk
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој престојуваше во официјална посета на Македонија, вчера од Охрид порача дека Унгарија има план како да го реши спорот меѓу Скопје и Софија. На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, по меѓувладината седница, тој нагласи дека земјава мора да ги почне преговорите до крајот на годинава и оти Унгарија е подготвена да го искористи Претседателството со ЕУ и да посредува во прашањето со Бугарија. Според премиерот Мицкоски, пак, не смееме да губиме надеж и да се разочаруваме, нагласувајќи дека е добро што „имаме пријатели во ЕУ, кои што сакаат да го шират нашиот глас во рамките на Унијата“.

Одвојувањето од Албанија, Орбан го оцени како голема грешка и порача дека земјава до крајот на годината мора да ги започнете преговорите за зачленување во ЕУ.

Македонија е кандидат за членство од 2005 година и заедно со Хрватска во 2008 година доби позитивно мислење. Хрватска веќе е членка на ЕУ, а со Македонија уште не се започнати преговорите за зачленување. Ова е огромна грешка од страна на ЕУ, што би ја карактеризирал како историска и сега може да се стави на квадрат, бидејќи Македонија ќе биде ставена зад Алабанија, за што не гледам никакви причини, изјави вчера во Охрид Орбан.

Моментално, како што посочи Орбан, навистина изгледа дека придвижување на Македонија е можно „ако на некој начин да се спогоди со Бугарија“.

Јас за тоа имам свој предлог и го пренесов на премиерот. Дали страните се подготвени да ја прифатат Унгарија како посредник. Тоа е нивна работа, но ние сме подготвени и сакаме да работиме на тоа да се најде решение, такво какво што одговара и на Македонија и на Бугарија. Но, тоа е работа на страните кои се во судир, ние сме тука да им помогнеме, изјави Орбан, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата со Мицкоски.

Во однос на одвојувањето од Албанија, Орбан рече дека „тешко е тоа да се разбере од една нација постојано да ги залажуваат со започнување преговори за членство, а потоа сите оние држави со кои заедно тргнаа во овој процес напредуваат, а нив ги држат во позадина“.

Уште еднаш сакам да нагласам дека националната гордост е најважна за една нација и ЕУ мора да ја има предвид националната гордост на сите држави. А, ова што се случува, тоа е повредување на националната гордост на граѓаните на Македонија и тоа во изминатите десет години постојано се случува, изјави Орбан.

Ако гледаме искрено, посочи Орбан, вие одамна требало да сте членка на ЕУ и ваквиот однос на ЕУ на секој начин прави рани.

Наше мислење е дека треба да градиме пријателства, а не да задаваме рани на душата на една нација и затоа според мене е голема грешка што Вие се уште не се членка на ЕУ и исто така е голема грешка што ве одвојуваат од една друга држава што забрзано ја форсираат. Затоа единствено решение за тоа Вие до крајот на годината мора да ги започнете преговорите за зачленување во ЕУ, порача Орбан.

Најважната тема на вчерашната средба со премиерот Христијан Мицкоски, посочи Орбан, било зачленување на Македонија во ЕУ и Унгарија како претседавач на ЕУ.

Ставот на Унгарија е добро познат. Многу е важно стабилноста на Западен Балкан и интеграцијата во ЕУ. Зачленување на една држава не е проблем и предизвик, туку една огромна можност. За сите држави кои се веќе членки на ЕУ, така и за Унгарија. Сите видовме дека со зачленување сите добивме многу напредок, но ЕУ во меѓувреме ја загуби динамиката и затоа мора да обезбедиме проширување и тоа е најдобар начин, изјави Орбан.

Според Орбан, мора да го имаме геополитичкиот фактор, но и оти мора да се почитуваат и државите кои долги години работата на зачленување на ЕУ се ставени во втор план.

Тоа не е чесно од нашата страна. И затоа како претседавачи на ЕУ сметаме дека е многу важно да се одржи на дневен ред зачленување на Западен Балкан во ЕУ и согласно тоа би сакале да се забрза процесот на зачленување на Македонија во ЕУ. Подготвени сме да се одржи меѓувладина седница, а ако не ќе одиме на билатерално, изјави Орбан, додавајќи дека народите од Западен Балкан, порача Орбан заслужуваат многу повеќе и одамна требало да бидат членки на ЕУ.

Според премиерот Мицкоски, ние не смееме да губиме надеж и да се разочаруваме, нагласувајќи дека е добро што „имаме пријатели во ЕУ, кои што сакаат да го шират нашиот глас во рамките на ЕУ“.

Жалам што тоа се случува и ние повторно мора да бидеме жртва на билатерализација, а не на исполнување на Копенхагенските критериуми. Но, ние ќе продолжиме да работиме напорно и да ги решаваме проблемите дома, порача Мицкоски.

Премиерот Мицкоски изрази уверување дека со поддршката на Унгарија и другите наши сојузници Балканот ќе го заземе своето заслужено место во ЕУ, изјави Мицкоски.

Претходно премиерите Мицкоски и Орбан одржаа тет-а-тет средба, по што имаше и заедничка меѓувладина седница.

Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Ќе има ли намалени цени на 2500 производи – Стапува на сила Законот за нефер трговски практики
Следна статија Прецизен снајперски куршум сред Цетиње го ликвидираше Шкаљарецот додека ручал во двор

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека според проценки на стручни медицински…

June 30, 2025
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од…

June 29, 2025

Уставниот суд се прогласи ненадлежен на предлог законот за независните кандидати

Во врска со барањeто на независните…

July 1, 2025

Електронски свидетелства од наредната учебна година

Од наредната учебна година наместо печатени,…

July 1, 2025

Кос: Вашиот идентитет се манастирите, погачата, тавче-гравче, полнетите пиперки – никој не може да ви го одземе!

Еврокомесарката за проширување Марта Кос испрати…

July 1, 2025

Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, Европа е дом на правото, на правдата, на достоинството

Нашата држава чекори по европскиот пат…

July 1, 2025

РАЗНО

СВЕТ

Украинка осудена за продажба на 56 бубрега

Полските граничари уапсија Украинка која беше осудена на 12 години затвор во Казахстан за учество во организирана криминална група која…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кој му се заканува на Гаши?

Претседателот на Собранието Африм Гаши на службениот мејл добил електронска порака со заканувачка содржина, потврдија од неговиот Кабинет. Заканата што…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Во Македонија се одбележува 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, владина делегација денеска ќе положи цвеќе на спомен обележјето…

May 9, 2025
СВЕТ

(Видео) САД реагираше на испраќањето севернокорејски војници во Украина

Ако Северна Кореја испрати војници во Украина, тоа би било „опасен и загрижувачки развој на настаните“, соопштија синоќа Соединетите Американски…

October 22, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?