Управата за јавни приходи денеска преку соопштение ги достави податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во 8-те поголеми синџири на маркети на територијата на целата држава за деновите 24, 30 и 31 јануари 2025 година.
Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари.
Во четврток, 30.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари.
Во петок, 24.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 213,985,705 денари.
„Според споредбената анализа на податоците, во петок, 31.01.2025 година во однос на петок, 24.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.59%. Во петок, 31.01.2025 година, во однос на четврток, 30.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.29%“, се наведува во соопштението.
УЈП најави дека ќе продолжи со мониторирање и анализа на овие трендови, како и на информирање на јавноста за сите важни податоци кои ќе имаат влијание на економијата.