strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари

Објавено January 11, 2025 15:39
strana.mk
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2024 година, оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01).

Доколку како физичко лице изнајмувате деловен простор во земјата, давате менаџерски, правни, економски, инжињерски, занаетчиски услуги, давате приватни часови на ученици и студенти, остварувате приходи од продажба на земјоделски производи или вршите друг оданочив промет и во 2024 година сте оствариле промет над 2.000.000 денари треба да се регистрирате за целите на ДДВ, посочуваат од УЈП.

Вкупен промет за целите на ДДВ е прометот што го направил обврзникот во текот на годината по основ на продажба на добра и извршени услуги.

Во вкупен промет не влегува прометот кој е ослободен од ДДВ без право на одбивка на претходен данок, како на пр: изнајмување на станбени објекти и станови за живеење, услуги на осигурување и реосигурување, здравствени услуги, услуги за изучување на странски јазици, услуги на компјутерски центри, меѓународен превоз на патници и др.

Исто така во вкупен промет не влегува и прометот кој се врши кон странски даночни обврзници и кој не подлежи на оданочување со ДДВ како на пример: вршење на консултантски, адвокатски, ИТ и други услуги кон странски даночни обврзници.

Ако даночниот обврзник ја вршел својата дејност само во еден дел од календарската година, вкупниот годишен промет за цели за ДДВ се пресметува на тој начин што се зема вкупниот остварен промет за месеците кога сте ја вршеле дејноста, истиот се дели со бројот на месеците на работење и се множи со дванаесет при што се добива вкупен годишен промет, објаснуваат од УЈП.

-На пример: Ако сте склучиле договор за закуп на деловен простор со почеток од 01.07.2024 година, а месечната закупнина изнесува 200.000 денари, пресметката за вкупен годишен промет за цели на регистрација за ДДВ е следна:

Бруто приход за 6 месеци: 1.200.000 денари
Месечен бруто приход: 1.200.000 / 6 месеци=200.000 денари
Вкупен годишен приход: 200.000 * 12 месеци=2.400.000 денари

Во овој случај даночниот обврзник има обврска да се регистрира за целите на ДДВ.

Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност, (образец ДДВ-01), може да се достави и од даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат. Пријавите за регистрација за ДДВ се доставуваат најдоцна до 15-ти јануари 2025 година, електронски на http://etax.ujp.gov.mk/eTaxServices/, лично во организациска единица на УЈП или по пошта. Физичките лица ДДВ обврзници, заради електронско потпишување и поднесување на ДДВ пријавите треба да набават и дигитален сертификат на USB токен.

Во однос на оние кои се регистрирани за ДДВ а кои не оствариле промет над два милиони денари во претходната календарска година, а кај кои е истечен најмалку тригодишен период од регистрацијата за целите на ДДВ, можат да поднесат Пријава за отповикување на регистрација за данокот на додадена вредност.

Исто така, и ДДВ обврзниците кои во секоја од двете претходни календарски години поднесувале даночни пријави со вкупен промет помал од два милиони денари и кои во секоја од двете претходни календарски години не искажувале претходен данок за одбивање, можат да поднесат Пријава за отповикување на регистрација за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01Б).

Пријавата за отповикување на регистрација за ДДВ (образец ДДВ-01Б) се поднесува најдоцна до 15-ти јануари 2025 година по електронски пат на http://etax.ujp.gov.mk/eTaxServices/ лично во најблиската организациска единица на УЈП или по пошта.

Воедно, потсетуваме и дека Управата за јавни приходи може службено да изврши прекинување на регистрацијата за ДДВ доколку утврди дека:

-во претходната календарска година, даночниот обврзник поднесувал даночни пријави без искажан данок за извршен промет и без искажан претходен данок за одбивање;
– во двете претходни календарски години, даночниот обврзник поднесувал даночни пријави без искажување на данок за извршен промет, со исклучок кога во истите периоди во даночните пријави искажува само промет ослободен од данок со право на одбивка или претходен данок кој произлегува од промет на инвестициони добра извршен кон даночниот обврзник или увезени од него;
– даночниот обврзник не може да се најде на пријавената адреса и на адресата за вршење на деловни активности
– даночниот обврзник не поднесувал даночна пријава за најмалку два даночни периоди кај месечните или тримесечните даночни обврзници;
– кај даночниот обврзник претходно е идентификувано даночно затајување.

За дополнителни информации, правните и физичките лица може да се обратат во Контакт Центарот на УЈП на: info@ujp.gov.mk

Телефони

  • Од фиксна линија: 0800 33 000
  • Од мобилен телефон: 02 3253
TAGGED:ддв обврзницидерегистрацијарегистрацијаујп
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Епл се брани: Сири не испраќа кориснички податоци до огласувачите
Следна статија Фолксваген во црвено: Во 2024 година имало пад на продажбата за 1,4 отсто

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници од жители во државата

Во Македонија има повеќе здравствени осигуреници отколку жители во државата според последниот…

July 3, 2025
Костадинов: Судот пресуди дека водата за пиење во Струмица била чиста, питка и биохемиски исправна

Судот денеска донесе правосилна пресуда со која го потврди она што го…

July 1, 2025

Ова се најтемпераментните хороскопски знаци

Некои хороскопски знаци се издвојуваат по…

July 3, 2025

Уапсен е моторциклистот кој усмрти пешак на „Ленинова“

Денеска (03.07.2025) во полициска станица во…

July 3, 2025

УЖАС ВО ТЕТОВО: Силувани две малолетнички, едната ја принудувале на секс со други лица

МВР информира дека вчера во 15.30…

July 3, 2025

Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс

Седумкратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ…

July 3, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Од ноќеска ќе точиме поевтини горива

Минимално поевтинуваат сите горива од вечерва на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР 95 поевтинува за 0,5 денари и…

June 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонија е со најниска просечна плата во Европа

Во последните десет години просечната плата во Македонија пораснала за околу 97%. Но, и покрај континуираниот раст, Македонија останува речиси…

March 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Министерството за транспорт треба да ја почне постапката за набавка на 120 еколошки автобуси

Владата денеска на седница ја разгледала и усвоила информацијата за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на 120 еколошки…

April 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Просечната плата во септември била 41.585 денари

Просечната нето плата во септември достигна 41.585 денари, објави Државниот завод за статистика. Согласно најновите податоци забележан е раст во…

November 21, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?