strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Филипче: СДСМ нема да гласа за ваков буџет и ќе поднесе 200 амандмани
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Филипче: СДСМ нема да гласа за ваков буџет и ќе поднесе 200 амандмани
ЕКОНОМИЈА

Филипче: СДСМ нема да гласа за ваков буџет и ќе поднесе 200 амандмани

Објавено November 13, 2024 15:28
strana.mk
Сподели
Сподели

Предлог Буџетот за 2025 година е првиот буџет што оваа Влада го предлага, и токму во него граѓаните очекуваа политики кои ќе донесат подобар живот и економски развој. Но, наместо тоа, добивме документ без визија и креативност, кој е нереален, неразвоен и недомаќински, со цел да ги задоволи само предизборните активности. Овој буџет ќе биде генератор на нови долгови и уште една изгубена година за економијата и за граѓаните, истакна на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Овој буџет, како што е предложен, е скроен да ги задоволи потребите на власта, а не на граѓаните. Со раст на БДП од 3,7% што Владата го предвидува, а кој нема шанси да биде постигнат, овој буџет е уште еден обид за замајување на јавноста, рече Филипче.

Тој нагласи дека и проекциите на Народната банка и Светската банка се под овие бројки, со што станува јасно дека овие бројки нема да донесат реален економски раст, туку зголемување на јавниот долг.

Сите овие податоци покажуваат дека Владата е подготвена да ги задолжува граѓаните до следните три поколенија, без да создаде развој“, продолжи Филипче. Тој потсети и дека власта со својот прв Предлог Буџет постапува незаконски, со дефицит од 4% од БДП, спротивен на законските ограничувања кои дозволуваат максимум 3%.

Со ваков пристап само го оптоваруваме буџетот, што на крајот ќе значи зголемени даноци или кратења на јавните услуги за граѓаните, додаде тој.

Дополнително, Филипче остро ја критикуваше Владата за зголемување на непродуктивните трошоци и кратење на капиталните инвестиции во клучни сектори како здравство и образование.

Зголемувањето на средствата за стоки и услуги и договорни услуги, наспроти кратењата во клучни сектори, само потврдува дека оваа власт нема концепт за развој. Граѓаните заслужуваат повеќе вложувања во образование и здравство, а не бесмислени трошоци, рече тој.

Претседателот на СДСМ исто така се осврна на средствата од заемот од Унгарија, планирани за поволни кредити преку деловните банки, за кои Владата се согласи граѓаните да ги плаќаат каматите.

Зошто Владата ги задолжува граѓаните за да ги плаќа банкарските камати на компании кои не придонесуваат за подобрување на животниот стандард на луѓето? праша Филипче.

Филипче потенцираше и дека капиталните инвестиции во предлог буџетот покажуваат целосна безидејност. Владата нема ниту еден сопствен проект, а капиталните проекти кои СДСМ ги започна, како коридорите на Бехтел и Енка, остануваат единствените што ќе се реализираат, изјави тој.
Притоа, Владата не предвидела значајни средства за модернизација на енергетски капацитети, гасификација или проекти за енергетска ефикасност. „Енергетската трансформација што ја започна СДСМ, како и поддршката за земјоделството, сега се намалени и занемарени. Оваа Влада не се грижи за долгорочен развој и остави земјоделците и малите претпријатија без соодветна поддршка“, рече Филипче.

Ова е буџет што ги запоставува малите и средни претпријатија, кои сочинуваат околу 80% од работните места во земјата. Од 80 милиони денари, поддршката за МСП е намалена на само 18 милиони денари. Владата со ова јасно покажува дека ги фаворизира странските инвестиции на сметка на домашната економија, додаде тој.

Филипче истакна дека СДСМ нема да гласа за ваков буџет и дека поднесе 200 амандмани кои целат кон подобрување на клучните фискални политики. „Преку овие амандмани, ние предлагаме зголемување на платите во јавниот сектор, посебно во образованието, полицијата и за пожарникарите, како и инвестиции во напредни технолошки средства за подобрување на безбедноста на граѓаните,“ истакна тој.

Според амандманите, СДСМ предлага одвојување на 3.500.000.000 денари од Буџетот за следната година за зголемување на платите во јавниот сектор. Со амандман којшто се однесува на образованието, СДСМ предлага издвојување на 996.406.000 денари за зголемување на платите на наставниците од основно и средно образование. Во полицијата, со амандман СДСМ предлага покачување на платите од 20%, додека, пак, за платите на пожарникарите да се издвојат 1.000.000.000 денари во Буџетот за 2025 година.

Филипче посочи и на амандманите за здравство, кои се насочени кон подобрување на медицинската инфраструктура и услуги, како и инвестиции во нова опрема и обука на медицинскиот персонал. Дополнително, амандманите во делот на енергетика и животна средина се насочени кон еколошки и одржлив развој, вклучувајќи субвенции за електрични возила и поддршка за проекти за производство на водород.

Нашите амандмани ќе придонесат за рамномерен и одржлив развој и ќе ја поттикнат македонската економија кон вистински напредок. Веруваме дека ова е буџет што може да одговори на реалните потреби на граѓаните, но само со конструктивни измени и зголемени капитални инвестиции, заклучи Филипче.

TAGGED:амандманибуџетвенко филипчесдсм
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Жерновски демантира дека не ги предал акредитивите во романското МНР, најави дека ќе тужи за клевета
Следна статија Стопанството со нетрпение ги очекува парите од унгарскиот заем

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клековски: Ден на лица со мултипла склероза, наместо честитки, 60 отсто зголемен буџет за биолошки лекови

За Светскиот ден на лицата со мултипла склероза, наместо честитки, 60 проценти…

May 30, 2025
Протест на здравствените работници во тетовската болница, бараат плати и решенија

Здравствените работници во тетовската болница излегоа на протест барајќи исплата на плати…

May 30, 2025

Мала европска земја полна со богаташи: Можете ли да погодите каде е „Порше“ најпродавано ?

Обично очекуваме најпродаваните автомобили во европските…

May 31, 2025

Трансакциите со биткоини генерираат годишни емисии од 98 милиони тони CO2

Годишната емисија на јаглерод диоксид (CO2)…

May 31, 2025

Конфликтот ескалира: Кличко жестоко го нападна Зеленски

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, даде…

May 31, 2025

(ВИДЕО) Крвничка тепачка меѓу навивачите на ПСЖ и Интер во метрото во Минхен

Пред почетокот на финалето на Лигата…

May 31, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Македонија е со најниска просечна плата во Европа

Во последните десет години просечната плата во Македонија пораснала за околу 97%. Но, и покрај континуираниот раст, Македонија останува речиси…

March 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат

Спроведувањето на реформската агенда е пат без алтернатива, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Конференција во организација на „Пријатели…

November 7, 2024
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Николоски за „Катимерини“: Единствениот начин да се оди напред е преку создавање заеднички проекти кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе

Во интервју за Катимерини, вицепремиерот и министер за транспорт на Македонија, Александар Николоски, ја истакна посветеноста на земјата за посилна…

October 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Светскиот ден на вранецот со голем успех на шестата едиција

Здружението „Вина од Македонија“ го одбележа Светскиот ден на вранецот, водечката регионална автохтона сорта и дел од нашето национално винско…

October 7, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?