Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги откажала ангажманите во наредните денови бидејќи се разболела од пневмонија, пишува Politico.
Нејзината болест во петокот ја потврди и портпаролот на ЕК, кој додаде дека таа нема да присуствува на церемонијата по повод почетокот на полското претседателство со ЕУ.
„Претседателката ги откажа своите надворешни ангажмани за првите две недели од јануари. Таа се бори со тешка пневмонија“, рече портпаролот на Европската комисија Стефан де Керсмакер.
„Откажаните состаноци вклучуваат говор во Лисабон и планирано патување во Гдањск по повод почетокот на полското претседателство, кое ќе се случи подоцна“, додаде тој.
Пневмонијата обично е предизвикана од инфекција, која предизвикува низа симптоми слични на грип, вклучувајќи кашлање и замор.
Повеќето луѓе закрепнуваат во рок од неколку недели, но на бебињата, постарите лица и оние со компромитиран имунолошки систем може да им треба подолго време за да закрепнат.