strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Французин им нуди половина џекпот на крадците кои купиле лоз со неговата украдена картичка и добиле 500.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗАБАВА > Французин им нуди половина џекпот на крадците кои купиле лоз со неговата украдена картичка и добиле 500.000 евра
ЗАБАВА

Французин им нуди половина џекпот на крадците кои купиле лоз со неговата украдена картичка и добиле 500.000 евра

Објавено February 25, 2025 09:54
strana.mk
Сподели
Сподели

Французин ги повика да му се јават двајцата крадци кои ја искористиле неговата украдена картичка за да купат инстант лотарија која го освоила џекпотот, ветувајќи дека ќе ја подели наградата од 500.000 евра со нив, јавува BBC.

Претставувајќи се себеси како Жан-Давид Е., човекот изјави за радио RTL дека со оглед на тоа што властите инаку ќе ги одземат парите, тој сака да се договори со нив.

„Без мене немаше да добијат, но без нив овој тикет немаше да биде купен. Сакам да им понудам да ја поделима добивката“, вели жителот на Тулуз.

Никој досега не се јавил со добитен тикет, кој бил блокиран од францускиот национален лотариски оператор Française des Jeux (FDJ), според Жан-Давид.

Жан-Давид открил дека неговиот ранец во кој бил неговиот паричник бил украден од автомобил паркиран во центарот на Тулуз на 3-ти февруари.

Откако се јавил во неговата банка да му ја блокира кредитната картичка, открил дека биле потрошени 52,50 евра со бесконтактно плаќање во блиската продавница. Жан-Давид отишол во продавницата за да провери дали персоналот видел нешто сомнително или дали некоја од неговите работи е оставен во продавницата.

„Мојот клиент разговараше со касиерот и откри дека двајца мажи кои се чинеше дека се бездомници ја искористиле неговата кредитна картичка за да купат цигари и неколку гребки“, изјави адвокатот на Жан-Давид, Пјер Дебисон за BBC.

Двајцата мажи му кажале на касиерот дека добиле џекпот од 500.000 евра на една од платежните картички и дека планираат да одат во FDJ за да ја подигнат својата добивка. Касиерот го сметал однесувањето на двајцата мажи како сомнително, бидејќи тие не можеле да го внесат ПИН-от на една од картичките што се обиделе да ги користат за да купат, според Жан-Давид.

Откако разговарал со касиерот, Жан-Давид контактирал со локалната полиција која потоа го контактирала FDJ за да ја извести компанијата за приреување игри на среќа.

Полицијата сега најверојатно ќе ја заплени добивката, а ако крадците се обратат самите на FDJ, најверојатно ќе бидат уапсени, според Жан-Давид.

Добитниците на тикетот за гребење имаат рок од 30 дена од датумот на купувањето да ја подигнат својата добивка, а за Жан-Давид и неговите неочекувани соработници, рокот брзо се приближува.

Неговиот адвокат Дебисон предложи амнестија.

„Мојот клиент беше е среќен што му е украдена кредитната картичка во овие околности и затоа не бара кривично гонење. Ова е исто така прекрасна можност за овие двајца мажи да изградат нов живот за себеси“, вели адвокатот

„Освен ако не контактираат со мојот адвокат, лозот е бескорисен. Па зошто да не се склучи пријателски договор и да се подели пола-пола?“, изјави 40-годишниот Жан Дејвид за RTL.

„За таа сума пари, подготвен сум да склучам договор“, додава тој, објаснувајќи дека својот дел од добивката – 250.000 евра, ќе го искористи за да ја исплати својата хипотека.

TAGGED:крадцифранцијаџекпот
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (Видео) Во Колумбија фатен шверцер на кокаин, ја криел дрогата под перика
Следна статија ВИДЕО| Почина агентот на Tајната служба кој се обиде да го спаси Кенеди

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Под притисок на Вучиќ, жена јавно кажа дека не е биолошка мајка на детото што го чува

За време на посетата на српскиот…

February 21, 2026

(ВИДЕО) Нема компромис со криминалот- Мицкоски и Тошковски покажаа дел од запленетата марихуана

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски…

February 10, 2026

(ВИДЕО) Кадриу: СЈО беше штаб на СДСМ – Шекеринска и Заев на рака даваа материјали на обвинителите, без записник

Екс-обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лејла…

February 8, 2026

(ВИДЕО) Мараја Кери спектакуларна на отворањето на ЗОИ, „Volare“ во сосема нова изведба

Пејачката Мараја Кери знае како да…

February 7, 2026

РАЗНО

ЗАБАВА

Половина милион публика: Во Загреб денеска се одржува најголемиот усташки концерт

Обожавателите на Марко Перковиќ Томпсон се собраат во центарот на Загреб и  се упатуваат кон Хиподромот, каде што се очекува…

July 5, 2025
ЗАБАВА

Илон Макс доби 14-то дете

Милијардерот и претприемач Илон Маск го потврди раѓањето на своето 14-то дете, Селдон Ликургус, со Шивон Зилис, извршен директор во…

March 1, 2025
ЗАБАВА

Џенифер Лопез во Анталија го прослави својот 56-ти роденден (ВИДЕО)

Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез организираше голема забава во Анталија по повод својот 56-ти роденден. Таа уживаше заедно со своите…

July 26, 2025
ЗАБАВА

(Видео) Легендарната актерка се бори со опасна болест од 2012 година: „Не можам повеќе ништо“

Познатата холивудска актерка Џуди Денч (90) неодамна одржа интервју со новинарот Луис Теру. Таа зборуваше за опасната состојба со која…

December 10, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?