strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Царината заплени техничка стока, цигари, лековити билки
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Царината заплени техничка стока, цигари, лековити билки
ХРОНИКА

Царината заплени техничка стока, цигари, лековити билки

Објавено October 21, 2024 16:36
strana.mk
Сподели
Сподели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани трансформатори за светилки, цигари, електронски цигари, лековити билки, опрема за потстрижување, производи за нега на коса, лепенки и патенти за облека и фалсификати.

Техничка стока и цигари

  • 144 трансформатори за светилки од 220 волти, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените трансформатори, пронајдени во 4 картонски кутии сместени помеѓу патни торби во кровниот куфер и во багажникот на возилото, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на на производите изнесува околу 50 илјади денари, додека избегнатите давачки се во износ од 18.803 денари.
  • 355 електронски цигари откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на два автобуси со македонски регистарски таблички, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.
    Во првиот случај, во куфер, кој според изјавата на возачот бил испратен како пратка од Швајцарија, биле пронајдени 39 кутии со вкупно 260 електронски цигари од марките IREX, VOZOL и ELFBAR. Цигарите се привремено задржани а притв возачот, македонски државјанин, ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на електронските цигари изнесува 90.312 денари а избегнатите давачки се во износ од 32.7527 денари.
    Во вториот случај, во два куфери сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот, биле пронајдени 95 електронски цигари марка Bang-Box dual mesh. Цигарите се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на електронските цигари изнесува 50.692 денари а избегнатите давачки се во износ од 15.637 денари.
  • 18 штеки цигари MARLBORO без акцизни маркички, откриени при контрола на товарно  возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски  државјанин, пријавено за влез  во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари, пронајдени во фабричка празнина под приколката, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на непријавените цигари изнесува стока изнесува 25.200 денари а избегнатите царински давачки  се во износ од 37.189 денари.

Лековити билки

  • 10.645 килограми лековити билки RESTTHARROW ROOT RADIX ONONIDIS, откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. При контрола на камионот, кој бил пријавен за транзитна постапка, било забележано дека на приколката недостасува царинската пломба наведена во транзитниот царински документ, а која е пронајдена во кабината на возилото. Согласно законските прписи, привремено се задржани влекачот, приколката и стоката, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Опрема за потстрижување и производи за нега на коса

  • опрема за потстрижување и производи за нега на коса, откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола, возачот одговорил негативно. Сепак била извршена детална контрола, при што на горниот кревет во кабината на возилото биле пронајдени 8 машинки за потстрижување, 6 машинки за бричење, 5 фенови, 3 електрични апарати за средување на коса, 20 престилки, 12 четки, 2 пиштило за прскање, 60 пакувања со серум за коса и 24 лосиони за после бричење. Непријавените производи се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на непријавените производи е проценета на 232.615 денари а избегнатите давачки инесуваат 57.415 денари.

Лепенки и патенти за облека

  • 198 парчиња термална фолија за печатење со лого на заштитени трговски марки Adidas, Nike, Tommy Hilfiger, Puma, Reebok и Gucci, и 1.000 парчиња патенти и ленти за шиење, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Делчево. Непријавените производи се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Производи за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост

  • 11.842 детски боксерки со лого на заштитени трговски марки, откриени при контрола на камион со турски регистарски таблички, натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Поради основано сомневање дека производите повредуват право од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и согласно законските проиписи започпната е постапка за утврдување на нивната оригиналност. Вредноста на производите, доколку би се продавале како оригинали, е проценета наоколу 9,5 милиони денари.

TAGGED:запленицаринска управа
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Фрлената бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово била активирана, но не експлодирала, соопшти полицијата
Следна статија Во септември годишен раст на депозитите од 8,8 % и на кредитите од 7,5%

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се набавува инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, информираат од Владата

Владата на денешната 73 редовна седница ја усвои информација за давање согласност…

May 13, 2025
Ина Многуфина: За некоја година ќе си гледаме на јутјуб како да си пуштиме сами инфузија, лани си отишле 2000 медицински сестри од државава

- Лани си отишле 2000 медицински сестри од државава. Секоја година си…

May 12, 2025

Се наоѓаме најблиску досега до крај на војната во Украина, тврди американски дипломат

Во моментов сме најблиску досега до…

May 14, 2025

ВИДЕО: Телескоп на НАСА ја сними поларната светлина на Јупитер

Впечатливите поларни светлини на Јупитер се…

May 14, 2025

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на годишниот дијалог со ЕУ: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

На редовниот економски и финансиски дијалог…

May 14, 2025

Адвокатката Јошевска вели: Јованов добил казна според европски стандард

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска од Скопје излезе…

May 14, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Објавена снимка од вечерашното пукање во кафуле во Штип

Штипската телевизија Стар на својата Фејсбук страница објави снимка од вооружениот инцидент кој се случил вечерва во кафуле во Штип…

May 8, 2025
ХРОНИКА

Македонски државјанин сакал да се бори за Русија во Украина за плата од 3000 евра

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во соработка…

November 30, 2024
НАСЛОВНИХРОНИКА

Приведени Папазов и двајца екс градоначалници на Кочани- Илиев и Димитровски

Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов, сите поранешни градоначалници на Општина Кочани, се приведени попладнево, неофицијално велат за Курир…

March 20, 2025
ХРОНИКА

Дал 5 евра за автобусот да ја мине границата, уапсен 28-годишен Косовец на Блаце

На 22.12.2024 во 21.10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода…

December 23, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?