strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Царината заплени 109 кг режан тутун, цигари, облека од познати модни брендови
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Царината заплени 109 кг режан тутун, цигари, облека од познати модни брендови
МАКЕДОНИЈА

Царината заплени 109 кг режан тутун, цигари, облека од познати модни брендови

Објавено October 29, 2024 13:11
strana.mk
Сподели
Сподели

– Режан тутун во вкупна количина од 109,5 килограми е запленет од страна на мобилен тим во координација со СВР Битола при МВР. Режаниот тутун е одземен од албански државјанин со регулиран престој во Битола, во моментот кога требало да ги преземе кесите со тутун од возачот на автобус на превозна фирма од Битола. Лицето не поседувало документи за потекло и платени акцизни давачки.
Со ова е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки од 379 илјади денари. Запленетата стока согласно законските прописи ќе биде предадена во Агенцијата за управување со одземен имот, а против лицето ќе биде поднесена кривична пријава заради прекршување на Кривичниот законик.

Спречени се и обиди за криумчарење на 44 штеки цигари, по извршени контроли на камиони на граничен премин Богородица и на Меџитлија. Притоа 38 штеки цигари без акцизни маркички се запленети во два случаи на извршена контрола на товарни моторни возила со македонски регистарски таблички на влез во државата на граничен премин Богородица. Останатите 6 штеки цигари без акцизни маркички се откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Против сторителите се поведени соодветни постапки.

– 814 парчиња детска спортска облека со ознаки на заштитени трговски марки, се запленети од страна на мобилни царински тимови, поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на стока со потекло од Кина сместена во јавен царински склад, наменета за фирма од Тетово. Поведена е постапка за утврдување на оригиналност на стоката.

– 105 резервни делови за возила и 8 литри моторно масло, се запленети од страна на мобилен тим на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа во соработка со полициски инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Исток.
Случајот е откриен при контрола на патничко комбе на магистралниот пат граничен премин Делчево – село Звегор. За непријавените автоделови за кои возачот изјавил дека се негова сопственост, истиот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 34 парчиња резервни делови и 29,5 литри течност за чистење за машини за прехрана, се запленети од страна на царински службеници на граничен премин Богородица по контролана автомобил со грчки регистарски таблички, управуван од грчки   државјанин, пријавен за влез во државата. Против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 157 пакувања витамини и суплементи, храна и разна опрема за домашни миленици, и 5 штеки цигари со вкупна вредност од 156 илјади денари се запленети по извршена контрола на автомобил со косовски регистарски таблички, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Против возачот е поднесена соодветна постапка.

– Спречен нелегален изнес на 3.800 евра кои македонски државјанин сакал без да ги пријави да ги изнесе од државата преку граничен премин Блаце. Имено при извршена контрола во соработка со полициски службеници, во чантата на патникот биле пронајдени 5.800 евра за кои лицето не поседувало документ за потекло. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 2.000 евра.  За сторениот девизен прекршок против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 113 парчиња разни производи, меѓу коишто облека, обувки, рачни часовници, козметички производи, автогалантерија и друго се откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави за царинска контрола, возачот одговорил негативно и инсистирал побргу да биде пуштен да ја премине граничната линија. Поради сомнение е извршена детална контрола, при што во багажникот биле пронајдени непријавените производи спакувани како поштенски пратки.

Производите се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.

TAGGED:царина
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Есенската кошница завршува на 31 октомври: Ако дојде до дивеење на цените, жестоко ќе реагираме, тврди Мицкоски
Следна статија Манчестер јунајтед си купи тренер за 10.000.000 евра

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025
Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025

(ВИДЕО) Лице поминува, удира со рака го крши стаклото на Бугарската амбасада и заминува

Објавена е видео снимка од моментот…

January 12, 2026

(ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале

Двајца вработени во мобилниот оператор А1…

January 11, 2026

Ѓорѓиевски: Нас, снегот не може да не изненади

Нас, снегот не може да нѐ…

January 11, 2026

(ВИДЕО) Се урна таван во молот „Космос“ во Солун, интервенираше итна помош

Инцидент се случи во трговскиот центар…

January 11, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Извршителите минатата година наплатиле околу 160 милиони евра, тврдат дека цените на нивните услуги не биле високи

Извршител од Скопје доставува налог за извршување до образовна институција во која е вработен интелектуалец, но оттаму добива информација дека…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Несекојдневна глетка на Водно: Диви свињи шетаа по улиците и влегоа во двор

Се појави несекојдневна сцена во скопската населба Водно. На видео кое кружи на социјалните мрежи се гледаат четири диви свињи…

January 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Еве како амбасадорката Агелер го честиташе Денот на македонскиот јазик

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер со видео објавено на социјалните мрежи го честита Денот на македонскиот јазик. -Честит Ден…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Ниту повредените, ниту семејствата на починатите не се сами, Кочани е наш приоритет, велат од Владата

Трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62 млади лица е од невидени размери, велат од Владата и посочуваат…

June 10, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?