Од Центарот за управување информираат дека за одрон на пат вчера имало пријава преку 112 во 17.06 часот.
Добиена пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес камион – цистерна удрил на карпите и има одрони на пат, што претставуваат опасност.
За ова веднаш известена ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка, по што е и постапено.