strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари
МАКЕДОНИЈА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

Објавено July 7, 2025 13:57
strana.mk
Сподели
Сподели

Четиристотини невработени лица ќе бидат привремено ангажирани за превенција на ризиците од пожари преку мерката „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“ во рамки на Оперативниот план за вработување. За ангажманот ќе добиваат по 24 илјади денари месечно, а оние што ќе покажат добри резултати, подготвеност и посветеност, по завршувањето на оваа мерка ќе бидат трајно вработени во противпожарните единици во општините или во  соодветните институции.

Со мерката ќе бидат опфатени 14 општини низ државава кои имаат територијални противпожарни единици (ТППЕ). Тие ќе ги објават повиците на  кои кандидатите ќе треба да се пријават. Услов е тие да бидат психофизички подготвени и да немаат здравствени проблеми.

Портпаролката на Владата Марија Митева истакна дека „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“ првпат се воведува во државава и со неа, рече, се прави значаен исчекор зашто се пристапува проактивно, а не како досега реактивно во заштита од пожари и зачувување на животната средина.

-Наместо да дејствуваме несинхронизирано и откако штетите се веќе направени, денес почнуваме со процес на навремена подготовка, превенција и мобилизација на ресурси и луѓе … Оваа мерка има двоен ефект – еколошки и социјален затоа што даваме конкретна поддршка на ранлива категорија граѓани односно невработени, рече Митева на прес-конференција во Владата.

Додаде дека локалните самоуправи ќе имаат активна улога во спроведувањето на повиците, затоа што, рече, „борбата против пожарите е одговорност што ја споделуваме –  од централно, до најлокално ниво“. Ги повика сите граѓани, „особено оние кои бараат можност да придонесат кон општото добро и да стекнат корисно работно искуство, да се пријават преку своите општини“.

Струмица и Кочани не аплицирале за оваа мерка. Прашана дали причините се можеби политички, портпаролката Митева одговори дека се работи за општо добро каде што политиката не треба да има место.

-Не би сакала да верувам дека е така, иако можеби има политичка логика. Повикот е за општо добро и се однесува на сите граѓани, политиката не треба да има примат и жалам ако е тоа така, додаде Митева. 

Повик да се пријават на огласите од општините, особено млади луѓе, упати и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Очекува на огласот на Општина Кисела Вода да се пријават од 80 до 100 лица и тие, рече, ќе бидат распоредени во тимовите за брз одговор на ДЗС и ќе имаат кратка обука.

-Потоа, од најдобрите од нив ќе одбереме луѓе за најдобрата единица која е во тек на формирање, наречена специјална единица за заштита и спасување. Можеби сумата не е примамлива на прв поглед, но сите кои ќе се пријават на огласот на територијата на целата држава и притоа ќе покажат особен успех во справувањето со пожарите, ќе имаат можност професионално да бидат вработени во некоја од ТППЕ низ државата, рече Ангелов.

Иницијативата на Владата ја поздрави и директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ, која смета дека состојбата со превенирање на пожарите во државава се подобрува со новите возила кои беа претставени вчера и со овој повик за ангажирање 400 луѓе.

-Според моите информации, во моментот во општините има меѓу 700 и 800 вработени пожарникари. Дел од нив платите ги добиваат преку блок-дотации од Министерството за одбрана, а дел од нив се уште примаат плати од општинските пари. Вкупната бројка потребна да се исполнат сите услови согласно законот е нешто повисока од 1500 пожарникари. Значи двојно повеќе од она што го имаме сега. Половина од проблемот ќе се реши на овој начин, со 400 нови вработувања. Се надевам дека доколку покажат добри резултати тие ќе останат да бидат дел од противпожарните единици, истакна Перишиќ.

TAGGED:вработувањепожарникариПревенција
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Владата со бесплатни инвитро процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот
Следна статија „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Концертот на Томпсон во Загреб – рехабилитација на усташкиот режим

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

На првиот ден од Новата година сончево со температура до 15 степени

На првиот ден од Новата година утрото ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема да се градат хемиски фабрики во Ѓорче Петров, вели Стојкоски

Во општина Ѓорче Петров нема да се градат хемиски фабрики! Вака, Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров, ги демантираше…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Лице поминува, удира со рака го крши стаклото на Бугарската амбасада и заминува

Објавена е видео снимка од моментот кога е скршено стаклото на вратата од бугарската амбасада во Скопје. Министерството за внатрешни…

January 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Забрана за тешки товарни возила на Стража и патниот правец Маврово-Дебар

Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку…

April 6, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?