Австралијка родила дете на погрешен маж, откако лекар случајно ѝ вметнал погрешен ембрион, објави сопственикот на клиника за плодност, обвинувајќи го за тоа „човечкиот фактор“.
Клиниката „Monash IVF“, каде се изведуваат речиси четвртина од процедурите за инвитро оплодување (IVF) во Австралија, објави дека во февруари дознала дека на жена во Бризбејн ѝ бил трансфериран погрешен ембрион и последователно таа родила дете.
Грешката била откриена кога новите родители побарале преостанатите ембриони да бидат испратени во друга клиника. Од клиниката не го открија идентитетот на родителите, ниту ја коментираа нивната реакција, освен дека ситуацијата е мачна.
Не е откриено ниту кога жената се породила, но се наведува дека за грешката била информирана веднаш штом се дознало.
Овој инцидент уште еднаш го стави во центарот на вниманието сферата на IFV третманот, кое досега во голема мера беше саморегулирано. Оплодувањето го надгледува тело со претставници од клиниките и владините агенции.
„Инцидентите од овој тип се ретки“, велат од Здружението за плодност.