Според Игор Ефремов, бранител на Влатко Кешишев, Судот не во целост ги зел олеснителните околности, особено фактот дека доколку не бил Кешишев немало да бидат пронајдени телата. И тој, исто така, најави жалба.
– Сметаме дека Судот не поклони доволно верба на исказот на Кешишев дека дејствувал по страв и по наредби на обвинетиот Палевски, дополни Евремов.