Лондонскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе биде затворен денеска до полноќ по прекинот на струја предизвикан од пожар во блиската електрична трафостаница што го снабдува аеродромот.
„За да ја одржиме безбедноста на нашите патници и колеги, Хитроу ќе биде затворен до 23.59 часот на 21 март“, објави аеродромот Хитроу на платформата X, додавајќи дека на патниците им се препорачува да не доаѓаат на аеродромот.
Според податоците на OAG, Хитроу минатата година бил вториот најфреквентен меѓународен аеродром во светот, зад Дубаи.
BREAKING: Heathrow Airport shut down after a massive substation fire sparks a power outage. No flights until 23:59 tomorrow.
Travel chaos grips London as passengers scramble. pic.twitter.com/LxVmaYZBoD
— Breaking News (@TheNewsTrending) March 21, 2025
Десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари се борат со пожар во трафостаница во Хејс, кој е дел од Лондон.
Половина од трансформаторите во трафостаницата се уште горат.
Помошникот командант Пат Гулбурн рече дека ова е многу голем инцидент, а пожарникари неуморно работат во тешки услови за да го стават пожарот под контрола што е можно побрзо.
– Пожарот предизвика прекин на електричната енергија во голем број домови и локални бизниси. Пожарникарите евакуираа 29 лица од соседните имоти и беше воспоставен кордон од 200 метри како мерка на претпазливост, при што беа евакуирани околу 150 луѓе. Поради големиот чад, ги советуваме жителите да ги држат прозорците и вратите затворени. Операторите во контролниот центар примија повеќе од 200 повици и даваат клучни упатства и ја смируваат јавноста. Ова ќе биде долготраен инцидент. Како што влегуваме во утрото, се очекува потешкотиите да се зголемат, па ги повикуваме луѓето да ја избегнуваат областа ако е можно, додаде тој