Патнички авион на азербејџанската компанија АЗАЛ се урна за време на летот од главниот град Баку до Грозни, главниот град на руската република Чеченија.
Ова го објави азербејџанската агенција АПА на својата веб-страница.
Во соопштението стои дека авионот испратил SOS сигнал за помош додека бил над Каспиското Море.
Авионот потоа се упатил кон Казахстан, каде што пилотот планирал принудно да слета, но авионот се урнал во близина на аеродромот во градот Актау.
АПА наведува дека, според прелиминарните информации, во авионот имало 67 патници и пет членови на екипажот, а се претпоставува дека инцидентот настанал поради судир на авионот и јато птици. Скај њуз јавува дека шест лица ја преживеале авионската несреќа, соопштија локалните власти. Британската телевизија јавува дека авионот кој се движел кон Русија бил пренасочен кон Казахстан поради магла.
Azerbaijan Airlines passenger plane flying from Baku to Grozny crashed in Aktau, Kazakhstan. pic.twitter.com/EnicqHcTGM
— Clash Report (@clashreport) December 25, 2024