Гаранцијата што Македонија ја добива од Обединето Кралство за кредитирање, значи многу за општата стабилност на државата и за регионот, бидејќи Обединетото Кралство е значаен фактор во светот и на политички и на економски план, вели во својот коментар за инвестициско-економската клима во земјава, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.
„И ваква една земја да гарантира за одредени средства за нашата држава значи дека застанува зад нас и тоа е значаен поттик за политичко средување на состојбите, а и за економската активност. На економски план, секоја инвестициона активност за нас е добредојдена, бидејќи без нејзе не може да се остварат двете начела на бизнисот, а тоа се компаниите да остварат профит, а граѓаните да го зголемат животниот стандард“, смета Азески.