Продажбата на играчки преку Интернет е зголемена за дури 622 отсто, во однос на просечната дневна продажба во октомври, додека продажбата на накит е зголемена за 561 отсто, а на различни уреди за 476 отсто во однос на октомври.
На црниот петок, Американците купиле производи во вредност од 10,8 милијарди долари преку интернет, користејќи ги нивните мобилни телефони и компјутери, според ажурираните податоци на Adobe Analytics, пренесува Ројтерс.
Црниот петок, го означува официјалниот почеток на празничната сезона на шопинг во продавниците на мало.
Зголеменото купување преку Интернет ги фаворизира гигантите како Амазон и Волмарт. Волмарт, кој работи со 4.700 продавници во САД, инвестираше многу во достава до дома за да ја зајакне е-трговијата.
Трошоците на американскиот онлајн Црн петок се зголемија за 10,2 отсто оваа година, соопшти Adobe, кој води евиденција за уредите кои го користат нејзиниот софтвер за да овозможи повеќе од милијарда посети на сајтови за малопродажба во САД.
Минатата година, американските купувачи потрошија 9,8 милијарди долари онлајн на црниот петок и 9,1 милијарди долари во 2022 година, соопшти Adobe. Најдобрите продавачи на интернет вклучуваа козметика, производи за нега на кожа и коса, како и Bluetooth уреди и машини за еспресо.