strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Анализа на Би-Би-Си: Трамп побара од Нетанјаху да не го напаѓа Иран, не го послуша
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Анализа на Би-Би-Си: Трамп побара од Нетанјаху да не го напаѓа Иран, не го послуша
СВЕТ

Анализа на Би-Би-Си: Трамп побара од Нетанјаху да не го напаѓа Иран, не го послуша

Објавено June 13, 2025 09:06
strana.mk
Сподели
Сподели

Одамна е јасно дека постојат растечки разлики меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и актуелниот американски претседател Доналд Трамп во врска со односите меѓу Израел и Иран.

Трамп во повеќе наврати побара од Нетанјаху да почека, бидејќи Белата куќа сè уште се обидува да преговара со Техеран за неговата нуклеарна програма. Но, Израел одлучи дека е време да се дејствува – без оглед на ставот на Вашингтон.

Израелските власти проценија дека Иран во моментов е во најслабата позиција во регионот во последно време, особено по минатогодишното воено и политичко слабеење на Хезболах во Либан, што, според нив, отстрани една од клучните закани за безбедноста на Израел. Затоа, Нетанјаху заклучи дека повеќе нема причина да се чека – дури и ако Американците не го одобруваат тоа.

Американскиот државен секретар Марко Рубио, веднаш откако беше објавено дека се извршени израелски воздушни напади, издаде кратко соопштение во кое јасно наведе дека САД се дистанцираат од потегот на Израел, нарекувајќи го „едностран“.

Пред нападот, американските претставници објавија дека САД нема да му дадат никаква воена поддршка на Израел доколку одлучи да го нападне Иран. Тоа беше порака што требаше да биде многу јасна во Техеран.

Изјавата на Рубио, во која не се споменуваше американската помош за Израел во случај на иранска одмазда, го покрена прашањето – дали ова е само тактички маневар насочен кон одвраќање на нападите врз американските бази во регионот или е вистински знак за расцеп во односот Трамп-Нетанјаху?

Затоа што, реално, американската помош за Израел во случај на ирански контранапад е речиси сигурна – но чудно е што Вашингтон јавно не го нагласил ова, како што обично прави.

Од друга страна, израелските претставници тврдат дека „координацијата со Американците била целосна и договорена однапред“, но американската страна сè уште не го потврдила ова тврдење.

Иран предупреден
Рубио испрати многу јасна порака до Иран: „Да бидам јасен – Иран не смее да ги таргетира американските позиции или персонал“.

Оваа порака има двоен ефект: одвраќање на директни напади врз американски цели и истовремено поставување основа за можен американски одговор во случај Иран да возврати со напади врз Израел.

Во моментот кога Израел започна напади врз Иран, сирените се огласија низ Израел за населението да може да побара засолниште. Јасно е дека се очекува одговорот на Техеран – и прашањето е како ќе одговорат САД. Минатата година, САД интервенираа во регионот во два наврати за да помогнат во одбраната на Израел. Но, опасноста е во тоа што конфликтот може брзо да излезе од контрола.

За разлика од некои минати кризи, овој пат се чини дека немало поширока координација меѓу Израел и неговите сојузници. Сè започна многу брзо, без најави и без дипломатска подготовка каква што видовме претходно. Следните часови и денови ќе бидат клучни. Не само за регионот, туку и за односите меѓу Тел Авив и Вашингтон, анализира Би-би-си.

TAGGED:израелИранНетанјахутрамп
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Томовски: Во текот на летниот период сите службени возила ќе бидат обележани
Следна статија Албанската дијаспора испратила 251 милиони евра во првиот квартал годинава

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

СВЕТ

Трамп ги удвои царините за железо и челик

Американските царини за поголемиот дел од увозното железо и алуминиум денеска ќе се удвојат, на денот кога претседателот Доналд Трамп…

June 4, 2025
СВЕТ

Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека не може да има прекин на огнот пред да има преговори…

May 21, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Пожар во куќата на британскиот премиер

Пожар избувна денеска во куќата на премиерот на Велика Британија – Кир Стармер, пишува „Скај њуз“. Пожарот избувнал рано утринава…

May 12, 2025
СВЕТ

Трамп ги помилува патриотите од Капитол, го преименува Мексиканскиот Залив, го напушти Парискиот договор…

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет на извршни наредби на крајот од неговата церемонија на полагање заклетва…

January 21, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?