strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Ангелов „сонува“ за елитна единица, со пожарите се бори со воени возила и доброволци
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ангелов „сонува“ за елитна единица, со пожарите се бори со воени возила и доброволци
МАКЕДОНИЈА

Ангелов „сонува“ за елитна единица, со пожарите се бори со воени возила и доброволци

Објавено July 13, 2025 10:07
strana.mk
Сподели
Сподели

Додека пожари беснеат во земјава директорот на ДЗС Стојанче Ангелов смета дека добро се справуваат со нив. Наместо интервентна единица тој доби пренаменети оклопни возила и доброволци во најава, но во интервју за РСЕ вели дека не е задоволен. За жртвите се истражува дали се од пожарите.

Господине Ангелов, неделава низ државата имаше многубројни пожари. Во нив има и материјална штета, но и жртви. Каква е вашата оценка, како државата се справува со овие пожари?

Пожари имаше и неделата претходно и неделата пред таа. Ескалацијата се случи оваа недела. Во еден ден имавме 63 пожари, најмалку 63 пожари. Силниот ветер, исклучително силниот ветер кој на моменти дуваше со повеќе од 60 км, па до 85-86 км, во зависност од подрачјето, направи голема беља, затоа што придонесуваше за брзо ширење на пожарот, кој по сувата вегетација, трева, грмушки, зафати неколку објекти. Со самото тоа што во наредниот ден без малку и да немаше активни пожари, сметам дека исклучително успешно се справивме со овие 63 пожари,бидејќи толкав број на пожари во еден ден се крупен залак и за многу помоќни држави, но сите државни ресурси, сите локални ресурси, вклучително и голем број на граѓани кои си го бранеа своето, беа на терен, се бореа против пожарите и успеавме да ги изгаснеме или ставиме под контрола сите овие 63 пожари.

Вие се залагате за формирање на една противпожарна интервентна единица. Но во моментов гледаме дека државата се справува со возила кои се пренаменети од војнички во противпожарни и од друга страна е распишан веќе и оглас за ангажирање на 400 доброволци кои ќе добиваат некаков хонорар за да се справуваат со пожарите. Дали е тоа она за што вие сонувавте, за што се залагате за да се создаде како одбрана, противпожарна одбрана во државата?

Патот долг 1000 милји започнува со еден единствен чекор. Ова е првиот чекор, бидејќи сега во суштина, ако гледаме функционално, започнува да се формира специјалната единица за која зборувам неколку години наназад. Во овој момент ние имаме со војнички речник две чети, една која веќе е формирана, тоа е оклопната чета, со војнички речник повторувам, во суштина се работи за поранешни воени возила кои се пренаменети во противпожарни возила.

Чија беше оваа идеја за овие оклопни возила да се стават во функција? Коментарите се дека сепак се импровизира со нив. Сепак тие не се создадени за намената која сега се користат?

Па комитите во 19-тиот век, на почетокот на 20-тиот век, од цреша правеле топ и тие импровизирале. Овие возила…

Но, сега живееме во едно понапредно време, не се назадува ли со ова?

Овие возила имаат исклучително моќни мотори, исклучително моќна шасија која може да го носи товарот од 6 тона. Зборувам за БТР-80 на кој има монтирано резервоар за вода од 6 тона. Притоа, во самиот резервоар за вода или условно да ја наречам цистерна за вода имаме ќелии, така што водата не се движи слободно, со што би го намалувала балансот, односно рамнотежата на самите возила. Возилата се сестрано тестирани од врвни стручни лица, почнувајќи од машински инженери. Возилата се тестирани, испитани, имаат поминато технички преглед и уредно се регистрирани на име на Дирекцијата за заштита и спасување.

Чија беше оваа идеја? Како се дојде до оваа идеја да се стават во употреба?

Идејата потекнува од неколку луѓе, но генерално најзаслужни за реализација на оваа идеја се премиерот Христијан Мицкоски, кој лично беше инволвиран, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој беше цело време логистика, вклучително и сега, затоа што одржувањето на волкав број на возила е крупен залак би рекол. Но не треба да се потценуваат овие возила. Минатите неколку дена тие беа успешно користени во реална ситуација.

Знаете, коментарите се дека не одиме напред со нешто помодерно, со поспецијализирани возила за различни терени, туку напротив се враќаме назад со возила кои се воени, не допираат ли до вас овие критики?

Најверојатно читаме различни коментари. Јас читав коментари на пожарникари и на луѓе од оваа област кои пак се воодушевени. Но генерално, ниту едните ниту другите нема мене како директор на Дирекцијата за заштита и спасување да ме натераат да креирам политика врз основа на коментари на обични граѓани кои ги сакам, ги почитувам, знам дека имаат добра намера, но немаат доволно познавање. Зошто вие мислите дека некој обичен граѓанин, притоа може да е професор на некој факултет, но не од оваа област. Може да е некој функционер, може да е обичен работник, може да е возач, може да е било што. Зошто мислите дека тој знае повеќе од инженерите кои работеа на прилагодување на овие возила или од мене кој командува со овие возила. Јас ве убедувам дека овие возила драстично ја зголемија нашата моќ за борба против пожарите и ние тоа го покажавме. Во еден ден да се изгаснат повеќе од 63 пожари не е ниту лесно ниту едноставно.

Повеќе на РСЕ

TAGGED:дзспожариСтојанче Ангелов
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (Видео) Големи поплави во Шпанија, автомобили пловат по патиштата, град оштети авион во лет
Следна статија ОЈО со детали за грозоморното убиство во Прилеп: Ги убил внукот и неговиот 11-годишен правнук поради кавга за имот, па се самоубил

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките

Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија…

July 30, 2025
ИЈЗ – Превенција на заболувања кои се пренесуваат преку храна вода

Летото и високите температуро го зголемуваат ризикот од појава на цревни инфекции,…

July 28, 2025

Кремљ: Русија е имуна на најавените санкции на Трамп

Кремљ објави дека продолжува да ги…

July 30, 2025

YouTube воведува автоматски ограничувања за малолетни корисници почнувајќи од 13 август

YouTube ќе користи вештачка интелигенција за…

July 30, 2025

Кривична пријава за криумчарење пиротехника – запленети и цигари и фалсификувана стока

Кривична пријава е поднесена за македонски…

July 30, 2025

Шкендија ја победи Стеауа, обезбеди најмалку групна фаза во Конференциската лига

Македонскиот шампион Шкендија заслужено избори пласман…

July 30, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

Ќе продолжиме и денес со дневното информирање на јавноста за сите преземени чекори од страна на надлежните институции се со…

March 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објектите на ФИНКИ и ДИФ намерно беа оставени да пропаѓаат цели 10 години, вели Јаневска

Министерката за образование, Весна Јаневска, смета дека објектите на ФЕИТ и Факултетот за физичка култура намерно биле оставени недоградени цели…

July 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сите електронски документи од државен орган, може да се користат печатени како оригинални

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги од неодамна е овозможено…

February 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таксист среде Скопје насилно им зел пари на брачен пар од Австралија

На 05.10.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и…

October 6, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?