strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Андоновски: Не планираме да ја забраниме употребата на Тик-ток
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Не планираме да ја забраниме употребата на Тик-ток
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Не планираме да ја забраниме употребата на Тик-ток

Објавено December 12, 2024 17:58
strana.mk
Сподели
Сподели

Опасно е да влеземе во забрана на апликации, како држава што се смета за европска, либерална, демократска и верува во прогресивните вредности на Европската Унија. Ова денеска го изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, одговарајќи на новинарско прашањето што Владата размислува да преземе околу појавата на предизвикот на социјалната мрежа Тик-ток, поради кој малолетници завршија во болница со скршеници и набиеници.

„Би било штетно да одиме кон целосно забранување на апликациите. Ваков тип на предизвици можат да се појават и на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб. Ќе треба ли да одиме кон забранување на сите мрежи во државата?“рече тој.

Смета дека имаме слабости во воспитувањето на младата генерација и дека поради тоа се случуваат вакви ситуации.

„Социјалните медиуми се само платформа за споделување на овие информации, но информациите повторно потекнуваат од младите, од децата и од недостатокот од воспитување од родителите. Ваков вид на предизвици имало и порано, кога луѓето се повредувале, но се споделувале на друг начин, не се споделувале на социјалните мрежи. Она што го правеле државите, работеле со родителите и со училиштата. Мислам дека нашиот фокус треба да биде токму на родителите и на училиштата“,рече тој.

Внимателно ја следат состојбата на социјалната мрежа Тик-ток и по ова прашање ќе се однесуваат како и државите од Европската Унија.

„На Тик-ток нивото на безбедност и заштита е пониско за разлика од останатите социјални мрежи. Затоа и може да се споделуваат видеа што повикуваат на насилство, на булинг или на омраза. Внимателно ја следиме мрежата и ќе се однесуваме онака како што ќе се однесуваат и државите од Европската Унија. Следиме внимателно со цел да не направиме нешто што е спротивно на демократијата“,кажа Андоновски.

Токму поради случаите на социјалните мрежи, министерот најави дека ќе се формира Центар за побезбеден интернет за деца, кој ќе биде развиен следната година со поддршка од невладиниот сектор и универзитетите „Свети Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“.

„Ќе изработиме платформа на која ќе може да се пријавуваат вакви случаи и на која ќе можат да се даваат ресурси на оние што се сметаат дека се жртва на напад, на булинг на интернет, да можат да се справуваат со истата ситуација“,вели министерот.

Како дел од овој проект, додаде дека во втора фаза ќе работат со педагозите и психолозите во училиштата, но и со родителите, со цел да им се дадат потребните ресурси како да ги заштитат децата онлајн.

Минатата недела опасниот предизвик на Тик-ток, „Супермен“, беше причина што 11 малолетници завршија на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, со скршеници и набиеници.

Во предизвикот дете со крената рака како Супермен се затрчува кон група која има испружено раце и откако ќе го фатат детето, го фрлаат во воздух. Другите деца се тргаат настрана, а очекувањата се дека Супермен ќе „летне“, па на крајот ќе се спушти и ќе застане на нозе.

Поради овој предизвик, некои земји веќе најавија дека ќе ја забранат оваа социјална мрежа.

TAGGED:забранастефан андоновскитик ток
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (ВИДЕО) Студенти ја окупираа зградата на Ректоратот во Нови Сад
Следна статија Ја уценувал екс партнерката со експлицитни фотографии, за да не ги објави му платила над 500.000 денари

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски по средбата со Орбан: Македонските граѓани платија огромна цена за да бидат дел од европското семејство, а сме во иста состојба како пред 20 години

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта во рамки на унгарско-македонскиот владин самит оствари средба со неговиот домаќин, унгарскиот премиер Виктор…

March 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Преку Табановце ќе одиме со едно застанување

Поедноставување на граничното преминување, поефикасно и побрзо преминување на границите се овозможува преку „One stop control“ на граничниот премин Табановце…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот има 17 советници – четворица од нив се со полно работно време

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека има 17 советници, од кои четворица се со полно работно време во Владата. -Вкупно имам…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Мицкоски на Вевчански карневал- Традиција стара неколку века

Премиерот Христиојан Мицкоски присуствува на Вевчанскиот карневал. -Традиција стара неколку века. Вевчанскиот пасош одамна го имам, исто како и задоволството…

January 13, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?