strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Андоновски: СДСМ да престане да манипулира и да излезе од својата криминална матрица, заштедени се средства на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ПОЛИТИКА > Андоновски: СДСМ да престане да манипулира и да излезе од својата криминална матрица, заштедени се средства на граѓаните
ПОЛИТИКА

Андоновски: СДСМ да престане да манипулира и да излезе од својата криминална матрица, заштедени се средства на граѓаните

Објавено March 10, 2025 14:20
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерството за дигитална трансформација е посветено на транспарентост, отчетност и законитост во работењето. Во Министерството за дигитална трансформација во последните 8 месеци се спроведени десетици јавни набавки. Само во еден случај постоела жалба при спроведувањето, и со нејзино делумно прифаќање истата е поништена.

Во врска со наводите на СДСМ, која се уште не може да се помири дека не ги води институциите со криминал и наместени јавни набавки, сметаме дека и самите не веруваат во она што го зборуваат.

Сепак би го истакнале следното:

Станува збор за набавка на конференциска и презентациска опрема на која, за жал пријавена е само една компанија, и покрај широките и објективни критериуми кои беа утврдени во истата. Најверојатно заради однесувањето на СДСМ и ДУИ како Влада во минатото, тоа е честа пракса во рамки на процедурите за јавни набавки, дури и кај наједноставните побарувања. Избраната компанија ги исполнила бараните услови и критериуми, а за постапката никој не вложил никаква жалба, изјави Министерот Стефан Андоновски.

ЛАГА бр 1 на СДСМ е дека договорот е на сума од 2.5 милиони денари.

Постигната е цена од 1.531.927,00 денари, која е за скоро 40% поевтина од планираната сума за јавната набавка од 2.500.000,00 денари. На тој начин, заштедени се околу еден милион денари (16 илјади евра) пари на граѓаните. Предвидените производи се навремено и квалитетно испорачани при преселбата на Министерството. При дополнително направена анализа, направени се заштеди од 10% до 45% по производ споредено со пазарните цени, нешто што никогаш не било случај во време на владеењето на СДСМ. И втората набавка, за проект кој СДСМ го блокираше, е мала набавка во која исто така се постигнати пониски цени од пазарните за до 40%, додаде тој.

„Државниот секретар во Министерството не учествува во ниту еден постапка за јавна набавка, во ниту една фаза. Нејзиниот ангажман е во административно-буџетско работење на Министерството. Оттука, не постои простор за судир на интерес или влијание на постапката од нејзина страна.

Не треба да ја потсетувам јавноста кога семејствата и фамилиите на министри во труд и социјална политика и директори кои носеа одлуки за јавни набавки, водеа омилени компании за јавни набавки.

ЛАГА бр 2 е дека јас имам некаква вмешаност во изборот, техничката спецификација или севкупно набавката. Таа ја вршат стручни и објективни членови на комисии, а нивната работа се цени по тоа што нема ниту една жалба за набавката, изјави Андоновски.

„Од друга страна, немам законска можност или простор за истражување на контактите на секој вработен во министерството со приватни компании. СДСМ треба да знае дека доколку при соодветно исполнети услови, се пристапи кон поништување на постапката, Министерството се изложува на можности за тужби и сносење судски трошоци, нешто што било негативна пракса претходно и за која се уште плаќаме.

Како отчетно министерство, стоиме на располагање на сите надлежни институции да споделиме информации и документи за оваа или други процедури за јавни набавки. Ги повикуваме и ДКСК и јавното обвинителство, доколку сметаат, да ги истражат сите наводи кои би се сметале за спорни. Ние сме убедени во законитоста на постапките и нивниот ефект, додаде министерот.

На крај дозволете да кажам дека СДСМ со недели не престанува да ме навредува, омаловажува, лаже за мене и моето семејство. Ги повикувам за изнесените невистини и лаги и на денешната прес конференција да се извинат. Во спротивно, го задржувам правото и можноста да побарам нивна одговорност за навреда и клевета пред судовите во Македонија, додаде Министерот Стефан Андоновски.

TAGGED:вмро дпмнеСДСМстефан андоновски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија ТРАМП НАЈАВИ ЦАРИНИ ОД 250% Која држава е на удар?
Следна статија Тешка сообраќајка на влезот во Битола, две жртви и едно тешко повредено лице

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од…

January 13, 2026

Премиерот Мицкоски на Вевчански карневал

Денес присуствував во Вевчани на карневалот,…

January 13, 2026

(ВИДЕО) Лице поминува, удира со рака го крши стаклото на Бугарската амбасада и заминува

Објавена е видео снимка од моментот…

January 12, 2026

(ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале

Двајца вработени во мобилниот оператор А1…

January 11, 2026

РАЗНО

ПОЛИТИКА

Костовски: Најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ е изградбата на пазарот во Неготино

Најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ и изградбата на пазарот во Неготино открива алармантни сомнежи за расипничко и криминално…

April 14, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски за обвинувањата на опозицијата: Луѓето коишто распродадоа од знаме до име, немаат кредибилитет да судат

Луѓето коишто распродадоа сѐ што можеше да се распродаде во минатото, а којашто претставува идентитетска одредница, почнувајќи од знамето, завршувајќи…

July 10, 2025
ПОЛИТИКА

Милошоски: Доколку не постоеше поддршката од ДУИ кога СДСМ го имаше најнискиот рејтинг, Филипче немаше да биде министер

На денешната трибина „Правдата доаѓа“ што се одржа во просториите на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ се обрати пратеникот од…

December 22, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ: Борко Ристовски треба да си поднесе оставка за резил олимпијада и за хаосот во спортот

Македонија беше понижена, посрамотена и претставена како земја од 19-от век пред очите на меѓународната спортска јавност и тој резил…

August 3, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?