strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Андоновски: Целта е смарт-Македонија која со својот ИТ-кадар успева да се развие и да стане дигитално трансформирана држава
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Целта е смарт-Македонија која со својот ИТ-кадар успева да се развие и да стане дигитално трансформирана држава
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Целта е смарт-Македонија која со својот ИТ-кадар успева да се развие и да стане дигитално трансформирана држава

Објавено February 23, 2025 14:03
strana.mk
Сподели
Сподели

Формирањето на Министерството за дигитална трансформација беше стратешка одлука затоа што додека државите во регионот со забрзано темпо чекореа кон дигитализација, дигитална трансформација на процесите во министерствата, во институциите, во јавната администрација, ние некако од 2014/15 како да го заборавивме овој процес иако претходно бевме лидери во регионот во оваа област, вели Стефан Андоновски, актуелниот министер за дигитална трансформација, во рамки на денешната панел-дискусија, посветена токму на дигитализацијата која веќе станува реалност во Македонија.

Во овој контекст, Андоновски потсетува на ситуацијата во оваа област која ВМРО-ДПМНЕ ја затекна при доаѓањето на власт, а тоа е една стагнација и катастрофални резултати без никаков напредок, со нешто помалку од 120 услуги на порталот uslugi.gov.mk и тоа услуги кои не се ниту најпотребни за граѓаните, ниту најфреквентни. При тоа, министерот појаснува дека истиот овој портал, од неговото формирање никогаш немал никаква надградба, подобрување, ниту пак бил познат за граѓаните, а уште помалку достапен за лицата со попреченост.

„Мојот пристап беше поразличен, реков прво да го подобриме, да биде полесен за употреба, попристапен, полесен, достапен за лица со попреченост, да го наградиме во поглед на неговата безбедност, а потоа да го промовираме. Тоа и се случи, во декември месец го промовиравме редизајнираниот портал којшто е сега лесен за употреба. Со новите услуги тој станува првата контакт точка на граѓаните со администрацијата и мислам дека се повеќе и повеќе ќе зазема централно место во давањето услуги за граѓаните. Работиме и на системи за единствена најава коишто ќе го поврзат тој портал со сите други портали кои се покрупни”, информира Андоновски.

Имено Андоновски, како министер настојува институциите кои немаат развиено електронски услуги и коишто се во прва фаза на развивање, тоа да го направат на националниот портал, а оние институции кои се веќе сериозно напреднати и имаат свои услуги на свој портал, да се вмрежат во еден систем за единствена најава. Преку таквиот систем, граѓаните воопшто нема да се занимаваат со тоа на кој портал се наоѓаат, туку ќе можат лесно и брзо да си ја завршат работата. Министерот исто така, ексклузивно најави дека од следната недела порталот ќе се збогати за пет нови услуги и откри дека дел од нив ќе потекнат од Министерството за внатрешни работи.

„После подолго време Македонија е прв пат присутна на настан од таков калибар. За големината на настанот зборува што на истиот говореше Елон Маск, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, бројни претставници како директорот на „Гугл”, директорот на „Амазон”, навистина еден висок калибар на говорници. Имав можност да се сретнам со организаторот на тој настан, тоа се тројца практично министри од Владата на Обединетите Арапски Емирати”, одговара Андоновски, запрашан за Светскиот самит на влади 2025 година на кој беше присутен самиот тој.

Андоновски се радува што моментално се работи на меморандум за соработка со ОАЕ и се надева дека истиот ќе биде потпишан оваа пролет. Тоа според него ќе овозможи размена на искуства и знаења помеѓу двете влади и ќе биде од особена корист за реализација на бројни активности, иновации, а зошто да не и инвестиции од страна на нивните главни компании во ИТ областа за која ние имаме исклучително квалитетни кадри и таленти.

„ЕДИХ беше во зачетна фаза кога ние дојдовме на позиција. Еден голем конзорциум од многу квалитетни приватни компании, три универзитети и Сојузот на стопански комори на Македонија, навистина амбициозен план. Претходната влада им ветила дека ќе обезбеди кофинансирање од 50%, јас кога дојдов на позиција во Министерството никаде во буџетот не можев да најдам такви средства за кофинансирање, никој не ги предвидел”, вели Андоновски зборувајќи за првиот европски дигитален иновациски хаб.

Тој појаснува дека веднаш заедно со премиерот, министерката за финансии и министерката за образование и наука се екипирале и обезбедиле средства од над 60 милиони денари, наредните три години за да го кофинансираат овој многу сериозен проект. Суштината на овој проект се состои во помагање на приватниот сектор дигитално да се трансформира преку поддршка на иновации, планови за дигитализација и роуд-мапи за секој бизнис и така натаму кој овој хаб бесплатно ќе ги дава кон нив.

„Јас планирам и моето министерство, а се надевам и другите ќе пројават интерес, да развиеме со ЕДИХ-от заеднички програми за обука на јавната администрација за клучни дигитални вештини и на тој начин да креираме еко-систем кој ни помага. Сметајте на тоа дека ако имаме два вакви ЕДИХ-а 50% од работата сме ја завршиле, ако имаме уште еден во наредниве три години ние ќе обезбедиме повеќе од десет милиони евра кофинансирање од ЕУ затоа што ја исполнуваме реформската агенда и ова е начинот на којшто се пристапува кон ЕУ, со дела со работа”, заклучува Андоновски.

TAGGED:Итстефан андоновски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: По три децении започна реконструкцијата на Домот на култура „11 Октомври“ во Ченто
Следна статија Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Процедурата е тргната, во вторник на седница на Влада ќе помине

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Чувствувате ли вина, зошто се вративте?“, Артан Груби по шест часа распит однесен во суд

Заврши распитот на поранешниот вицепремиер Артан…

February 23, 2026

(ВИДЕО) Под притисок на Вучиќ, жена јавно кажа дека не е биолошка мајка на детото што го чува

За време на посетата на српскиот…

February 21, 2026

(ВИДЕО) Нема компромис со криминалот- Мицкоски и Тошковски покажаа дел од запленетата марихуана

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски…

February 10, 2026

(ВИДЕО) Кадриу: СЈО беше штаб на СДСМ – Шекеринска и Заев на рака даваа материјали на обвинителите, без записник

Екс-обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лејла…

February 8, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Директорката на Детската клиника Козле се заканува доколку ѝ се спомене името во медиумите

Директорката на универзитетската клиника за белодробни заболвања Козле Каролина Симоновска во официјален допис до медиумите побара нејзиното име да не…

February 3, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Сиљановска нема да го свика Советот за безбедност за состојбата со Украина, но можно е да го собере за загадувањето

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова засега не планира да го свика Советот за безбедност за случувањата во Русија и Украина. Но, шефот…

November 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Воената опрема донирана од Турција даде голема поддршка на нашата одбрана

Во ова ексклузивно интервју со министерот за одбрана Владо Мисајловски за Фокус+, разговараше за витални прашања како што се регионалната безбедност,…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Нема ризици по безбедноста и суверенитетот на државата од случувањата во Србија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски истакна дека согласно информациите со кои располагаат клучните безбедносни институции во…

March 15, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?