strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Андоновски: Ќе се гасат нелегалните страни за онлајн коцкање
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Андоновски: Ќе се гасат нелегалните страни за онлајн коцкање
ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Андоновски: Ќе се гасат нелегалните страни за онлајн коцкање

Објавено October 2, 2024 13:34
Strana
Сподели
Сподели

Владата веќе ги утврди чекорите како ќе се справува со нелегалното онлајн коцкање, кое ќе биде нејзин примарен приоритет во наредниот период, бидејќи тоа е многу раширено кај младите во општеството, а наскоро ќе бидат претставени и активности што ќе бидат презмени, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

-Прво, нашите најмлади се зафатени од оваа болест без никаква контрола, ниту се знае дали користат туѓи лични карти, па се пријавуваат за да играат, ниту се знае колку средства користат, ниту се знае каде се излеваат тие средства, ниту каде се користат тие средства понатаму – дали се за финансирање на некои други нелегални активности, но пред се ова што ни се случува е болест на македонското општество. И справувањето со ова ќе биде примарна задача на Владата во наредниот период, рече Андоновски на новинарско прашање по отворањето на симпозиум и промоција на Дигит Мак.

Владата, вели тој, е многу обединета и е многу ревносна во справување со нелегалното онлајн обложување и веќе одржале состанок со Агенцијата за електронски комуникации, Марнет, претставници на телеком операторите и директорот на Лотарија на кој се утврдени чекори како да се справат со нелегалното онлајн коцкање.

-Првата фаза е забрана на домеините коишто се точка мк (.мк), кои приредуваат нелегални онлајн игри на среќа затоа што се во спротивност со Законот за организирање игри на среќа. Во втора фаза разговараме кои се начините за забрана на странски домеини коишто се присутни на македонскиот пазар, а коишто приредуваат нелегално игри на среќа…Треба да најдеме методологија како да ги забраниме овие веб-страници во Македонија затоа што нивната нелегалност е јасна, утврдена со Законот, но нивното постоење тука е затоа што тие се регистрирани некаде во светот и лесно се пристапни за нашите граѓани. Имаме методологија, имаме правец, но ќе ми дозволите неколку дена за да излеземе со точни активности кои веќе сме ги преземале. Не сакам да зборувам пред преземањето на активностите, но веќе во Лотарија на Македонија се прават табели коишто утврдуваат кои точно веб-страници се најприсутни и каде најмногу се закачени нашите граѓани, на кои веб-страници најмногу се приредуваат тие нелегални игри на среќа. Страшниот дел е што и многу малолетници се вклучени, вели тој.

Во моментов вели, постојат стотина странски веб страници, но најкористени се две кои се присутни и се користат во земјава.

-Во првата фаза ќе треба да се работи со овие 100 да се забранат, но потоа според дискусијата која што ја имаме со претставниците на Лотарија тоа ќе биде континуиран процес. Значи не може да се направи еднаш засекогаш, туку постојано ќе треба да се ажурира оваа листа и постојано да се информира АЕК и телеком операторите за да нешто се случува за да може после постојано да се движат кон забрана на овие нелегални приредувачи на игри на среќа. Ќе повторам, ако тие беа регистрирани во Македонија ова е кривично дело што го прават, но затоа што се регистрирани во странство не можете да видите кој е точниот приредувач и затоа мораме да одиме со забрана на пристап, подвлекува министерот Андоновски.

Тој на новинарско прашање во однос на надлежностите посочува дека Законот за електронски комуникации и дозволува на АЕК да утврди односно да им препорача, односно да ги задолжи телекомите да забранат пристап до определени веб-страници ако е тоа во спротивност со Законот за електронски комуникации или ако е во спротивност со други закони.

Тој дел сакаме да го операционализираме затоа што досега не се користел и во наредниот период точно ќе излеземе со тоа какви активности ќе преземеме ние како Министерство, Марнет и АЕК во соработка со телекомите, порача министерот за дигитална трансформсација Андоновски.

TAGGED:АндоновскиКладењеОнлајн
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Лефков: Владата на СДС и ДУИ вршела исплати кон добавувачи за проекти без целосни информации дали средствата се искористени за намената која требало
Следна статија На границите се воведува систем за препознавање на регистарските таблички

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Македонија е стабилна, а заканата од терористички напади е на ниско ниво

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам денес одржа конститутивна седница, со која претседаваше националниот координатор…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Правда за Фросина, порачаа илјадници граѓани на масовниот протест за правда и безбедност во Скопје

Илјадници граѓани денеска во Скопје се собраа на мирен протест изразувајќи ја својата поддршка за Фросина Кулакова и сите жртви…

February 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Правењето на фама околу Јени Џамија е еден од класичните примери за тоа како ДУИ тоне во сопственото политичко мочуриште…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Крис Павловски објави дека НВО и УСАИД ја киднапирале Македонија, го „тагна“ Илон Маск

Крис Павловски, канадски бизнисмен чии родители се од Македонија, објави дека и Македонија е дел од земјите за кои вели…

February 5, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?