Владата на ВМРО-ДПМНЕ подобро се справува со проблемире во економијата во споредба со претходната Влада на СДСМ покажува најновата анкета на платформата „ОМНИБУС“.
На прашањето „Којa Влада подобро се справува со проблемите во економијата?“, 52% од испитаниците одговориле дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ подобро се справува со проблемите во економијата, додека 24% одговориле дека СДСМ подобро се справувала. 24% од граѓаните мислат дека ниту една Влада не се справува добро со економојата.
Којa Влада подобро се справува со проблемите во економијата?
o Владата на ВМРО-ДПМНЕ: 52%
o Владата на СДСМ: 24%
o Ниту една од двете: 24%
Анкетата беше спроведена во периодот од 22 до 29 јануари 2025 година, во рамките на платформата „ОМНИБУС“ по пат на телефонско јавување на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници на целата територија на Република Македонија.
Анкетата е насочена кон мерење на јавното мислење на теми поврзани со оптимизмот на граѓаните, довербата во институциите, перформансите на двете влади и актуелните политички и економски теми. Истата е дизајнирана да обезбеди анонимни одговори, гарантирајќи искреност и точност во резултатите.
Прашалникот вклучуваше четири главни делови: оптимизмот на граѓаните, довербата во институциите, споредба на перформансите на двете влади и ставовите за актуелните теми.