Карло Анчелоти ќе го заврши вториот мандат на кормилото на Реал Мадрид по крајот на оваа сезона, но трофејниот Италијанец нема да остане без работа и веќе е подготвен теренот за новиот негов ангажман.
Неговиот следен ангажман ќе биде како селектор и тоа како предводник на Бразил, пренесува Фабрицио Романо. Двете страни во основа постигнале договор и дон Карло ќе ги води „кариоките“ на Светското првенство во 2026 година.
Ако се биде како што треба првите мечеви на Анчелоти на клупата на Бразилците треба да бидат на 6 и 10 јуни против Еквадор и Уругвај, односно сето ова значи дека Реал ќе го води друг стратег на Светското клупско првенство.