strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
МАКЕДОНИЈА

Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани

Објавено March 20, 2025 08:27
strana.mk
Сподели
Сподели

Сите новинари и медиуми  при известувањето за погребите на жртвите од пожарот во Кочани да се придржуваат кон етички принципи за  почитување на личната болка и достоинството, со избегнување сензационализам, објавување проверени информации и зачувување на баланс и непристрасност. 

Повикот го упатуваат Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), имајќи ја предвид чувствителноста на трагедијата и универзалните етички стандарди за професионално известување.

Владата, во координација со Министерството за внатрешни работи и во консултација со ЗНМ и со ССНМ изготвија протокол за безбедност при известување од погребот на жртвите од трагичниот настан што се случи на 16 март во Кочани.

– Новинарите треба да известуваат со емпатија, без да навлегуваат во приватноста на семејствата на жртвите. Известувањето за трагични настани мора да биде ослободено од сензации, шпекулации или емотивно набиени наративи, фотографии и видеа. Треба да се пренесуваат потврдени факти за да се спречат дезинформации. Медиумите треба да се осигураат дека нивното известување не придонесува за јавна вознемиреност, се наведува во повикот.

За претставниците на медиумите кои ќе известуваат за настанот, полициските службеници ќе обезбедат посебна зона од патот на поворката, на 300 метри од влезот на капелата до градските гробишта во Кочани. Овој простор ќе биде обезбеден од припадници на МВР со цел да се гарантира ред и безбедност во означената област. На оваа зона исто така ќе важи забраната за управување со беспилотни летала (дронови).

Од Владата соопштија дека овој медиумски протокол има за цел да ја заштити приватноста на семејствата на жртвите, додека истовремено овозможува новинарите и снимателите безбедно да го следат настанот од соодветна дистанца.

Потсетуваат и дека Меѓународната федерација на новинари (IFJ) во своето соопштение од 18 март за оваа трагедија, исто така ја истакна важноста на етичкото известување. Глобалната повелба за етика на IFJ ја подвлекува должноста на новинарите да го почитуваат достоинството на луѓето и да ја стават точноста над брзината при пренесувањето на вестите од овој трагичен настан.

– Со цел да се обезбеди непречено движење и идентификација, медиумските работници треба да поседуваат со себе ПРЕСС обележја и новинарски легитимации издадени од нивните матични медиумски куќи, соопшти Владата.

И Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) повика известувањето на медиумите за погребите на жртвите од пожарот да биде без сензационализам и задолжително  да се почитува личната болка и жалост на семејствата, роднините и најблиските на загинатите. Исто така и да се води сметка да не се придонесува за дополнително зголемување на вознемиреноста. Во таа насока беа и барањата од жителите од Кочани кои завчера се обратија директно до Агенцијата, како и преку социјалните мрежи, со апел медиумските работници да се држат понастрана за време на погребите и да не снимаат со дронови.

Како што укажа АВМУ во соопштение, медиумите треба да внимаваат при правењето и особено при објавувањето снимки и фотографии, со цел да им дозволат на семејствата и родителите достоинствено и со почит да се збогуваат со своите ближни. 

Кодексот на новинари на Македонија  на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) пропишува дека новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес и оти е должен да ги почитува личната болка и жалост. Исто така и дека начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.

Новинарот, стои во Кодексот, не смее да интервјуира или фотографира деца под 16 години без согласност од родителите или старателите, освен ако тоа не е во согласност со правата на детето. Истото се однесува и за лица со посебни потреби, кои не се во состојба свесно да расудуваат.  

Институтот за социолошки и политичко правни истражувања при УКИМ во насоките за новинари и медиумски професионалци при известување за трауматски настани, подвлече дека при известувањето треба да се одржува смирен, ненасилен став во секое време. Потребно е да се прашаат луѓето дали е соодветно времето за да дадат изјава. Никогаш не треба да ги убедуваат луѓето да ја споделат својата приказна. 

– Не интервјуирајте никого кој е силно вознемирен, во шок, исплашен, повреден или на возраст под 16 години! Не кажувајте работи како: „Барем сега сè е во ред“, „Барем преживеавте“ или „Можеше да биде полошо“. Можеби се обидувате да ги утешите, но тоа го минимизира нивното доживување. Не давајте свое мислење. Не поставувајте наведувачки или сензационалистички прашања,  советува Институтот.

Потсетува дека трауматските настани можат да влијаат врз способноста на луѓето да размислуваат и да разбираат и оти тие можат да раскажуваат долги приказни или да кажуваат работи што не изгледаат релевантно.

– Бидете трпеливи, а ако интервјуираните се вознемират, прекинете го интервјуто и заблагодарете им се за нивното време. Воздржете се од покажување сочувство или тага и не кажувајте дека знаете како се чувствуваат додека го снимате прилогот. Кога не снимаат камерите, можете да понудите искрено сочувство, на пример: „Многу ми е жал што се случи ова“. Вашата улога како новинари е да бидете сведок, да ја пренесете нивната приказна и да не бидете вклучени лично, велат од Институтот.

И Македонскиот институт за медиуми (МИМ)  повика на одговорно информирање за трагедијата во Кочани. Укажа дека во вакви чувствителни ситуации, неопходно е граѓаните да имаат пристап до точни и проверени информации. 

– Медиумите, од своја страна, имаат обврска да известуваат професионално, врз основа на факти и со почит кон жртвите и нивните семејства. Сензационалистичките вести, шпекулациите и непотврдените информации не само што ја поткопуваат довербата во медиумите, туку и дополнително ја вознемируваат јавноста. Особено е важна одговорноста на медиумите при известувањето за деца и малолетници, при што нивната приватност и достоинство мора да бидат заштитени, порача МИМ.

По одлуката на Владата за прогласување седумдневна жалост во државава АВМУ ги извести медиумите дека треба да го усогласат своето работење со деновите на жалост, а според последните информации од регулаторот, изминатите денови медиумите покажале висок степен на професионалност. Регистрирани се неколку случаи на емитување филмови и серии со забавна содржина, за што се доставени и претставки до Агенцијата. Поради тоа, АВМУ им посочи на радиодифузерите да обрнат поголемо внимание при креирањето на програмската шема, а укажа и дека е важно и класичната музика која се емитува да биде соодветна на деновите на жалост. 

АВМУ и ИСППИ меѓу останатото, апелираа и до медиумите да им ја пружат потребната поддршка на нивните медиумски работници кои изминативе деновиве при извршувањето на нивните работни обврски се изложени на исклучителен стрес и, со тоа, на здравствени ризици.

Во однос на совети за заштита на менталното здравје на новинарите, од Институтот појаснија дека не е секогаш можно да се остане непристрасен набљудувач во ситуација на трагедија или катастрофа.  – Тешко е да се повлече линија помеѓу „повлекување“ и „помагање“, особено ако како новинар сте во позиција да понудите помош. Ако одлучите да понудите помош, ваша одговорност е да им објасните на соговорниците дека не се должни да возвратат на дадената помош со давање изјава или со интервју. Не вршете притисок врз никого да даде изјава и не изненадувајте ги луѓето со ненадејни прашања, бидејќи секој стрес што ќе го предизвикате кај нив може да го интензивира претходно манифестираниот стрес. Ако луѓето сакаат да ја споделат својата приказна подоцна, оставете податоци за да можат да ве контактираат, наведоа од ИСППИ.

Упатија совет до новинарите да ги следат сопствените реакции, емоции и потреби, и за време на работата и надвор од неа.

– Избегнувајте претерано идентификување со луѓето кои ги интервјуирате или кои доживеале трагедија, катастрофа или траума. Бидете свесни за штетноста на мислите како што се: „Што ако тоа ми се случеше мене“, „Што ако тоа му се случеше на мојот партнер/моето дете“ и слично. Поврзете се со другите за да го воспоставите и да го одржувате вашиот систем за поддршка. Побарајте помош за каква било вознемиреност. Само затоа што можеби не живеете во заедницата или не сте го доживеале тоа лично, не значи дека не можете да бидете погодени од трагичниот настан, велат од Институтот од каде советуваат и дека е потребно да се одржува здрав начин на живот и да се користат позитивни стратегии за справување со стресот.

Во пожарот што се случи ноќта меѓу саботата и неделата, животот го загубија 59 млади лица. Тие ќе бидат погребани денеска во Скопје, Кочани, Штип и Облешево.

TAGGED:кочанимедиуми
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија МАКЕДОНИЈА ТАГУВА: Погреб на загинатите во трагедијата во Кочани
Следна статија ХЕРОЈ: 19-годишниот Јован Костадинов од Виница спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

СВЕТ

Сите познати светски медиуми известуваат за трагедијата во Македонија

Сите познати светски медиуми, меѓу кои и Би-Би-Си, Си-Ен-Ен, германски Билд, како и сите медиуми од Балканот, известуваа утрово за…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Парадата на гордоста ќе се одржи на 21 јуни низ улиците во Скопје

Парадата на гордоста во 2025 година ќе се одржи во Скопје на 21. јуни со паролото „Ќе (оп)стоиме заедно“. Парадата…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Притвор за Крешник Бектеши

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши ќе заврши во притвор за следните 48 часа, исто како и поранешниот директор на…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кекеновски: ЈО да ги истражи сомнежите за милионски матни бизниси на Заев во Дубаи

По сериозните обвинувања на бегалецот од Будимпешта на сметка на Заев кој наводно изнесол огрома сума на пари од Македонија…

February 17, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?