По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, ќе одбележи 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
Државна делегација, предводена од потпретседателката Бендевска, ќе го одбележи 2 Август – Илинден, во манастирот Прохор Пчински.
Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, во состав: Бети Стаменкоска-Трајкоска, Славјанка Петровска, Бобан Карапејовски и Малиша Станковиќ, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев, пред Собранието; пред споменикот на АСНОМ, Парк „Жена борец“ и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, на плоштадот „Македонија“.
Собраниска делегација, во состав Биљана Кузманоска и Митко Трајчулески, ќе положи свежо цвеќе во Крушево, на гробот на Никола Карев, Македониум; пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и на „Мечкин Камен“.