strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Бесплатен адвокатски тим за родилката која почина во кумановската болница
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Бесплатен адвокатски тим за родилката која почина во кумановската болница
ХРОНИКА

Бесплатен адвокатски тим за родилката која почина во кумановската болница

Објавено October 16, 2024 16:12
strana.mk
Сподели
Сподели

Адвокатски тим од Куманово собира документација и бесплатно ќе го застапува семејството на родилката, која при породување почина во кумановската болница, соопштија на денешната прес-конференција од адвокатската канцеларија Георгиевски. Тие веќе поднеле барање до надлежните институции, Министерството за здравство, државниот санитарен и здравствен инспекторат, јавното обвинителство Куманово, МВР, матичен лекар.

–Нашите првични сознанија се дека навистина има лекарска грешка и затоа ќе најдеме и стручни лица кои тоа нешто ќе го потврдат. Од друга страна сметам дека е премногу рано да се излегува со какви било заклучоци во услови кога сите неонатолошки тестови и пренатални тестови кои биле извршени за време на бременоста не покажале апсолутно никаква аномалија ниту кај родилката ниту кај бебето. За изненадување е како може нешто во последните 36 часа толку да се искомплицира што ќе заврши со овој трагичен настан. Нашата адвокатска канцеларија се понуди бесплатно да го застапува семејството сметајќи дека во услови на оваа семејна трагедија им е потребна бесплатна правна помош и адвокатска канцеларија која ќе застане зад нив и бебето, изјави адвокатот Христијан Георгиевски.

Вчера пристигнала обемната медицинска документација која се разгледува и тимот ќе ангажира стручни лица кои ќе ја разгледуваат медицинската документација.

– Со оглед дека ние како правници не сме стручни за медицината ќе мора да ангажираме свои стручни лица, но тоа што го забележавме од документацијата, нема едногласност, има лица кои не ги потпишале овие извештаи од страна на медицинските установи. Тоа покажува дека сите тимови кои работеле во медицинските установи немаат едногласие во поглед на содржината на овие медицински документи. Тоа на нас ни е доволна индикација дека независно што имам целосна доверба во нашиот судски систем, сметам дека нашата паралелна истражна постапка ќе даде сосема други резултати. Во ОЈО Куманово веќе се води постапка, додава Георгиевски.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, претходно на прес-конференција (14 октомври 2024 ) информираше дека е извршен стручен надзор инициран од Министерството, посочувајќи дека извештаите ги подготвиле професионални, компетентни специјалисти од соодветните области, со цел детално да се анализира севкупниот тек на лекувањето и третманот. Комисиите извршиле увид во целокупната медицинска документација, разговори со сите членови на здравствените тимови, кои биле вклучени во лекувањето. Тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.

Министерот информираше дека бил извршен стручен надзор во ОБ – Куманово, каде се констатирани одредени административно-технички недостатоци.

-Но,заклучок од Комисијата е дека – недостатоците не може да бидат директна или индиректна причина за акутното влошување на општата здравствена состојба на пациентката, исходот по новороденчето и смртниот исход на родилката. Исто така, Комисијата не констатираше пропусти во ниту еден аспект на пренаталниот менаџмент на пациентката од одговорните доктори во приватната здравствена установа по гинекологија и акушерство, каде била следена бременоста, соопшти министерот.

Тој нагласи дека комисијата не констатирала никакви суштински пропусти и во амбулантското следење на пациентката, во рамки на пренаталните прегледи во ОБ – Куманово.

-Не се утврдени суштински пропусти ниту кај гинеколошкиот тим во текот на перипарталниот третман на пациентката, односно констатирано е дека тимот постапувал согласно постојните упатства и перинатолошки стандарди, подвлече Таравари на неодамнешната прес-конференција.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на 1 октомври изврши вонреден инспекциски надзор во Кумановската општа болница за случајот со починатата родилка. Триесет и едногодишната родилка, која почина во општата болница при породување била во добра здравствена состојба и редовно се прегледувала кај матичниот гинеколог, покажа вонредниот инспекциски надзор. Надзорот кај матичниот гинеколог покажал дека родилката навремено се јавувала во текот на бременоста, правела редовни контроли, била во добра здравствена состојба при втора уредно контролирана бременост и немало отстапувања.Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина на 27 септември годинава при породување во кумановската општа болница.

TAGGED:адвокатски тимкумановородилка
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Разбиена терористичка група во Австрија предводена од македонски државјанин
Следна статија Отворен Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев – родилиште според највисоки стандарди

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

Тешко повредена велосипедистка во сообраќајка во Скопје

На 14.07.2025 во 16.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и бул.„8 Септември“ во…

July 15, 2025
ХРОНИКА

Познат идентитетот на загинатите во тешката сообраќајка во Скопје

Возач и неговата сопатничка, двајцата од Скопје, ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на…

May 24, 2025
ХРОНИКА

Маж пронајден починат, познат неговиот идентитет

Вчера во СВР Струмица било пријавено дека во стан на ул. „Братство Единство“ во Струмица бил пронајден починат Д.Ј.(73) од…

February 15, 2025
ХРОНИКА

Пензионер со моторна пила пресекол бандера за струја во Македонска Каменица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Р.(71) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица, поради постоење основи на…

June 6, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?