strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Била ли Мерлин Монро бремена со Кенеди и затоа ли е „замолкната“ – откриени се тајни документи
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗАБАВА > Била ли Мерлин Монро бремена со Кенеди и затоа ли е „замолкната“ – откриени се тајни документи
ЗАБАВА

Била ли Мерлин Монро бремена со Кенеди и затоа ли е „замолкната“ – откриени се тајни документи

Објавено April 13, 2025 09:32
strana.mk
Сподели
Сподели

Мерлин Монро беше многу повеќе од убавица од филмското платно – таа беше симбол на Холивуд, жена која го плени вниманието со секој нејзин потег, но и трагична фигура чиј живот и смрт останаа обвиени со мистерија.

Повеќе од шест децении откако нејзиниот живот беше скратен, новата серија декласифицирани документи на ФБИ повторно го отвора едно од најконтроверзните прашања во американската историја: дали Мерлин Монро била бремена со дете на Џон Ф. Кенеди – и дали таа бременост ја чинела живот?, објави Марка.

Шокантно откритие од сенките на минатото

На 11 април 2025 година, интернетот повторно „експлодира“ – благодарение на објавувањето на новите, претходно доверливи документи на ФБИ. Тоа е дел од огромниот пакет од 80.000 страници поврзан со истрагата за атентатот на американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди во 1963 година.

Меѓу тие страници имаше и наводно шокантно тврдење: дека Мерлин Монро била бремена со детето на Кенеди во 1960 година – и тоа можеби била последната капка.

Тајна хоспитализација и сомнителна бременост

Официјално, Монро била хоспитализирана во 1960 година поради „исцрпеност“. Сепак, според документите, вистинската причина бил таен абортус.

Извор изјавил за RadarOnline:

– Нејзиниот заоблен стомак јасно се гледа на фотографиите од јули 1960 година, додека таа работеше на подготовките за филмот „The Misfits“ во Њујорк.

Мерилин, наводно, му ја открила оваа информација на Џон Ф.

– Кенеди наводно ѝ рекол дека не смее да го чува детето, бидејќи скандалот ќе му ги уништи шансите да стане претседател – наведува истиот извор.

Во тој момент, Мерилин беше во брак со писателот Артур Милер, но имаше тајна врска со идниот претседател.

Зошто Мерилин мораше да молчи?

Приказната станува уште помрачна: постојат тврдења дека непријателските агенти на ФБИ и ЦИА имале силен мотив засекогаш да ја замолчат. Нејзината листа на љубовни врски не го вклучува само Џон, туку и Роберт Кенеди, што ја прави Мерилин потенцијално експлозивна фигура во ерата на Студената војна.

Познатиот писател Норман Мејлер беше цитиран во белешка, во која се наведува дека екстремните десничари ја гледаат нејзината смрт како начин да го дискредитираат семејството Кенеди.

Безбедносен ризик

Авторот Ентони Самерс, кој зборуваше во документарниот филм на Нетфликс, „Мистеријата на Мерилин Монро“, ја опишува како:

– Нестабилна личност која секој ден трчаше кај психијатар и постојано зборуваше на телефон.

Поради комунистичките врски на нејзиниот поранешен сопруг Милер, како и патувањето во Мексико со левичарските пријатели во 1962 година, ФБИ ја стави Монро под надзор. Сето ова ја направи Мерилин потенцијален безбедносен ризик, особено ако таа зборувала, пренесе Економик Тајмс.

Сомнителна смрт и теории

Официјално, Мерилин почина на 4 август 1962 година од предозирање со барбитурати, а смртта беше прогласена за веројатно самоубиство. Но, теориите на заговор никогаш не згаснаа.

Новите датотеки дополнително ги поттикнуваат сомнежите. Се вели дека Мерилин била подготвена да ја открие вистината за бременоста во јавноста – и затоа била „замолкната“.

Во колекцијата на Фрида Хол, блиска пријателка на Мерилин и член на нејзиниот фан клуб, има и таканаречени „слајдови за бременост“, на кои е прикажана „бремената“ Мерилин. Некои тврдат дека тоа е само нејзиниот природен изглед – но други веруваат дека фотографиите се доказ дека детето постоело.

Имагинарното бебе на Кенеди, тајна афера, абортус, безбедносни ризици и смрт обвиткана со мистерија – сето ова сè уште ја прави приказната за Мерлин Монро една од најфасцинантните и најтрагични мистерии на 20 век.

И додека се откриваат нови информации, едно е сигурно – приказната за Мерлин Монро и Џон Кенеди не е завршена. Нејзината легенда, исто како и таа, одбива засекогаш да молчи.

TAGGED:Мерлин МонроЏфк
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија ОГРАБЕНО КАЗИНО ВО ЧАИР Разбојникот одзел 1,46 милиони денари
Следна статија Касами за односот со Таравари: Тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

ЗАБАВА

Според „TasteAtlas“, македонското макало моментално е најдобриот сос во светот

Макало е традиционално македонско јадење базирано на лук. Најосновниот вид макало се подготвува од лук, топло масло или путер, вински…

January 7, 2025
ЗАБАВА

(ФОТО) Холандска спортистка позираше за „Плејбој“ и го собори рекордот во продажба на списанието

Холандската светска шампионка во брзо лизгање Џој Беун за прв пат позираше за насловната страница на холандскиот Плејбој. 25-годишната спортистка…

December 15, 2024
ЗАБАВА

Девојката на Џејк Пол го привлече вниманието со своето издание на мечот против Тајсон (ВИДЕО)

Јутјуберот и боксерот Џејк Пол го победи славниот Мајк Тајсон, а на синоќешниот меч негов најголем поддржувач беше неговата девојка…

November 17, 2024
ЗАБАВА

БАГАТЕЛНИ ЦЕНИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ НА МОРЕ – но има една „финта“, ноќевање само за 13 евра, ручек за 15 евра…

Значително поевтина понуда за сместување покрај море, но и пониски цени за ручек во ресторан или за пакет ангажмани сместување…

May 1, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?