strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Божиновска: За брзо време ќе биде избран методот за изградба на хидроцентралата Чебрен
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: За брзо време ќе биде избран методот за изградба на хидроцентралата Чебрен
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: За брзо време ќе биде избран методот за изградба на хидроцентралата Чебрен

Објавено May 16, 2025 12:43
strana.mk
Сподели
Сподели

Во најкус временски период ќе знаеме точно кој метод ќе го примениме при изградбата на хидроцентралата Чебрен, но секако сакаме да биде македонски државен проект, истакна денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Најубаво е како држава сами да ја изградиме, но се работи за проект кој ќе чини најмалку една милијарда евра што не е мала ставка знаејќи каков ни беше Буџетот, рече Божиновска во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Националниот самит за дигитална енергетска и безбедна критична инфраструктура.

Нагласи дека уште во декември е формирана работна група за Чебрен под координација на Министерството која веќе имаше неколку состаноци.

Проектите за Чебрен кои се во ЕСМ се од 1962 година и досега имаше 14 неуспешни тендери. Овој пат сакаме се да направиме како што треба. Разгледуваме дали ќе биде Чебрен со Галиште, колку метри ќе биде браната и при крај сме со пресметките колку тоа ќе чини, појасни Божиновска.

За новиот Закон за енергетика, што беше изгласан неделава во Собранието, рече дека се чека да биде потпишан од претседателката и да стапи во сила, потенцирајќи дека е битно што е направен првиот чекор и е донесен законот.

Некои работи што се предвидени во Законот веќе почнавме да ги работиме како што е енергетската сиромаштија за која веќе се изработува методологијата. Некои фирми веќе ги разгледуваат опциите за изградба на батерии за складирање на електрична енергија произведена од обновливи извори. Тоа значи дена неколку работи се веќе почнати, но станува збор за процес. Нешто ќе биде брзо, а нешто пополека зашто ќе треба да се изработат и подзаконски акти, оцени Божиновска. 

TAGGED:божиновскаХидроцентралаЧебрен
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Ја удирал со боксови, па ја силувал во автомобил на паркинг во Сопиште: поднесено обвинение против 37-годишен скопјанец
Следна статија (Видео) Снег во Србија и во Црна Гора

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клековски: Фондот за здравство ќе ги покрие сите трошоци за повредените во несреќата во Кочани, да не се брза со ласери и естетски корекции надвор од протоколите

Фондот за здравствено осигурување ќе ги покрие сите трошоци за повредените во…

June 19, 2025
Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, за Град Скопје нема

На денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ,…

June 20, 2025

Струмичка поезија: Во време на тишина со замислен поглед Костадинов зборувал

На фејсбук профилот на ТВ Канал…

June 20, 2025

Дисциплинската комисија утврдила „крупни грешки“ и ќе бара разрешување на Хајрулахи

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност…

June 20, 2025

Акиов пријавен в полиција за вчерашниот напад

Вчера во Полициската станица Кочани било…

June 20, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Останувам на ветувањето дека автопатот Охрид – Кичево целосно ќе го изградиме до крај на 2026

За автопатот Охрид – Кичево во минатото најмногу се коментирало и најмногу се лажело. Но јас цврсто стојам на моето…

November 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Директорот на пазарниот инспекторат: Без поголеми казни, не правиме ништо против поскапувањата

Мерката со ограничените профитни маржи на 73 основни прехранбени производи завршува на крајот од месецов. Во некои маркети е забележано…

October 15, 2024
ЕКОНОМИЈА

СДСМ предложи законско решение со кое се предвидува зголемување на платите и до 15.000 денари

Животниот стандард на граѓаните е на дното. Цените растат, а платите тапкаат во место. Власта одбива да ги покачи платите и…

April 1, 2025
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Владата и банките постигнаа договор: Средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството

Постигнат е договор со банките и средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството, информира портпаролката на Владата, Марија Митева.…

November 28, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?