strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови
ЕКОНОМИЈА

Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови

Објавено February 12, 2025 18:29
strana.mk
Сподели
Сподели

Од постојните странски инвеститори во државава лани 38 отсто имале зголемен обем на работа, а 62 отсто намален. Дури 51 отсто од нив се соочиле со недостиг на соодветно квалификувана работна сила, а 49 проценти имале зголемени оперативни трошоци што го истакнале како проблем, покажуваат резултатите од Анкетата за странските директни инвестиции за 2024 година што ја спроведе Советот на странски инвеститори при Стопанската комора.

-На исто ниво како проблем како и во претходната 2023 година е бирократијата и несоодветното постапување на институциите, легалната несигурност и честата промена на бизнис регулативата, а како пети проблем е истакната корупцијата и проблемот со судството, рече претседателот на Советот на странски инвеститори Виктор Мизо.

Како еден од клучните проблеми 29 отсто од испитаниците го посочиле недостигот на работна сила при тоа потенцирајќи го брзото напуштање на работното место по вработувањето и недоволните квалификации, а за 60 отсто проблем е конкурентноста на пазарот на работна сила. Препорачуваат подобрување на образовниот процес на сите нивоа, намалување на вработените во јавната администрација и повеќе обуки и тренинзи на работната сила.

Воедно препорачуваат Владата да креира мерки во насока на задржување на вработените во овие компании. Бараат униформен пристап и апдејтирање на сите процеси за дефиниција на оправдани инвестициски трошоци и усогласување со глобалните сметководствени правила. Бараат и помагање и поддршка на постојните инвеститори во процесот на работа, многу пофреквентна комуникација со државните институции, состаноци и посети на компаниите за да се адресираат проблемите со кои се соочуваат, поголема едуцираност на административните работници и подобра комуникација помеѓу државните институции. Сметаат дека многу мал дел од нивните укажувања досега се прифатени или се веќе спроведени до максимум.

Од анкетираните компании 30 отсто не се задоволни од постојната инфраструктура во земјава, а во 2023 година 37 отсто не биле задоволни. Делумно се задоволни се 52 отсто (53 отсто во 2023 година), а задоволни се 18 отсто (10 отсто). Дури 45 отсто од компаниите бараат дополнителни услуги за поддршка на нивниот бизнис како јавен превоз до локацијата каде што се сместени, детски градинки, банки,… пристапни патишта, приклучоци до струја и гас, патишта, автопати, конекции со вода, канализација и атмосферска канализација.

Вкупно 49 од компаниите со странски капитал во анкетата или користат државна помош или се во процес на добивање, а 36 отсто од нив се пожалиле дека државата доцни со исплатата на овие средства. За 90 отсто од компаниите не се доволно јасни правилата за добивање државна помош.

Најчестите прашања што странските инвеститори им ги поставуваат на Владата и институциите се поврзани со државна помош, даноци, царински активности, а најзадоволни се од комуникацијата со Управата за јавни приходи.

За 2025 година речиси ист број на компаниите очекуваат зголемување или намалување на обемот на работа, а само 17 отсто сметаат дека ќе остане ист како во 2024 година. Поголем процент сметаат дека ќе има намалување на бројот на вработени, но тоа не значи отпуштање, туку не пополнување на работните места што некој претходно ги напуштил. Тоа, како што посочуваат, се должи на фактот што има намалување на нарачките за 10 до 25 отсто поради состојбата во европската економија. Како најголеми ризици за бизнисот за годинава ги истакнуваат недостатокот од работна сила и квалификации, намалувањето на давачките, зголемувањето на цената на репроматеријалите и на компонентите кои се користат во процесот на производство, колку често има промени на закони,…

За 40 проценти од анкетираните компании клучно за успешно работење во 2025 година е подобрувањето на образовниот процес, усогласувањето на царинските стапки со оние во Европската Унија за увоз на репроматеријали од трети земји.

-Кај нас царинските стапки се меѓу 10 и 15 проценти, а во ЕУ најчесто се помеѓу 0 и 2,7 отсто. Тоа креира голема разлика во она што ние го увезуваме за да биде дел од крајниот производ кој потоа го извезуваме. Затоа ако се споредуваме со било која земја во ЕУ или со Турција и Мароко кои имаат царинска унија со ЕУ не сме конкурентни, рече Мизо.

Од анкетираните компании 48 отсто повторно би се одлучиле да инвестираат во земјава доколку тоа го прават по првпат, 30 отсто не знаат дали тоа би го направиле доколку им се укажела таква можност, а 22 отсто не би инвестирале. Во 2023 година 40 отсто одговориле со да на ова прашање.

За повторно да инвестираат најважни критериуми им се ниски производствени трошоци, можноста да се најде соодветно квалификувана работна сила, соодветна позитивна бизнис клима, ниски даноци, државна помош, локален пазар, инфраструктура, политичка стабилност, близина пазари, близина на добавувачи, членство во НАТО.

Анкетата за условите за водење бизнис и инвестициската клима во земјава во 2024 година беше спроведена во 50 компании со странски капитал со над 40.000 вработени во периодот од 24 ноември 2024 година до 20 јануари годинава. Тие досега во земјава имаат инвестирано над четири милијарди евра, а само лани инвестирале над 270 милиони евра. Од нив 47 отсто се лоцирани во ТИРЗ, а 53 отсто надвор. Најголем дел – 51 отсто се од Скопскиот плански регион, но има и од останатите седум плански региони во земјава. Дури три четвртини се од производствениот сектор, а една четвртина од секторите трговија и услуги при што 80 отсто работат за регионалниот и глобалниот пазар, а само 20 отсто на домашниот

TAGGED:анкетавиктор мизостопанска коморастрански инвестиции
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
Следна статија Грипот го достигнува пикот – на Детска клиника и во Козле се прегледуваат и по 200 деца дневно

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025
Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи…

June 18, 2025

СДСМ реагира за пругата која треба да се прави со британските пари

Во ВМРО-ДПМНЕ не се знае кој…

June 19, 2025

Дали Иран гаѓа со ракети со повеќе боеви глави?

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека Иран…

June 19, 2025

Од септември ново покачување на пензиите

Од септември ќе има повторно покачување…

June 19, 2025

Што се случува со СДСМ?

Во Скопје секојдевно блуат невистини и лажни…

June 19, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 1,75% и во второто тримесечје од 2026 година

Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, којашто ги вклучува податоците за последниот квартал од 2024 година, вклучително…

April 1, 2025
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Министерот Николоски на средба со извршниот директор на Визер, Јозеф Варади

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со извршниот директор на Визер, Јозеф…

October 2, 2024
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе размислува уште два-три дена за гувернер

Претседателката Сиљановска Давкова денеска нема да го прати предлогот за нов гувернер до собранието. Таа ќе размислува уште два-три дена,…

May 19, 2025
ЕКОНОМИЈАНАЈНОВИНАСЛОВНИ

Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции, највисока цена на грозјето

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во првите 100 дена од мандатот во земјоделството…

October 3, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?