Бостон и Голден Стејт се пред елиминација во полуфиналињата од плејофот во Источната и Западната конференција во НБА.
Њујорк со 121:113 успеа да ги победи Селтикси и со тоа да поведе во серијата со 3:1, а Минесоста триумфираше со 117:110 против Голден Стејт и исто да поведе во серијата со 3:1.
Џејлен Брансон со 39 поени беше прво име кај победникот, додека Џејсон Тејтум кај поразените постигна 42 поени, но во финишот поради повреда мораше да го напушти теренот.
Џулиус Рендл со 31 поен беше прво име кај Минесота, додека кај Вориорс, Џонатан Куминга заврши со 23 поени.