Бојан Христовски е нов директор на АНБ, доаѓа на местото на Зарко Милошевски.
На владина седница денеска е разрешен директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место доаѓа Бојан Христовски.
Христовски има искуство долги години во безбедносните институции. Кратко време беше директор на градското претпријатие „Паркинзи Скопје“, а на директорската позиција доаѓа од Министерството за внатрешни работи.